April 18, 2024, 10:36 pm

Најсиромашните месецот го туркаат со 10 илјади, а најбогатите со 56 илјади денари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во просек, македонските домаќинства за задоволување на потребите годишно имаат на располагање по околу шест илјади евра, или месечно по 500 евра.
Но, најсиромашните 20 проценти годишно располагаат со три пати помалку пари од овој просек кој е земен од сите во државата, или со само 2.000 евра. Тоа значи дека треба да јадат, да платат сметки, да се облечат, да ја одржуваат личната хигиена и хигиената во домот, да се лекуваат, да патуваат, да се школуваат… со само 173 евра месечно, или со околу 10,5 илјади денари.

Наспроти нив, најбогатите 20 проценти од домаќинствата во една година во просек имаат за трошење околу 11 илјади евра, или месечно по 907 евра, односно по околу 56.000 денари.

Статистичките пресметки покажуваат дека од вкупниот приход со кој располагаат сите македонски домаќинства, само 5,6 проценти припаѓаат на најсиромашните една петтина жители на државата, а дури околу 40 проценти трошат една петтина од граѓаните кои се во групата најбогати.

Истражувањето на ДЗС открива дека најмногу сиромашни во државата има меѓу невработените од кои дури 38,7 проценти ги мачи беспарица. Најмалку сиромашни има меѓу пензионерите – 7,7 проценти. Од беда страдаат и вработени. Од нив проблеми со обезбедување основна егзистенција имаат девет проценти. Многу сиромашни, или 32,1 процент, има меѓу неактивните лица.

Загрижува тоа што ваквите состојби не се подобруваат, туку напротив, се влошуваат, за што доказ е растечкиот тренд на сиромаштијата.

– Стапката на сиромашни лица, пресметана според препораките на Евростат, во 2015 година изнесуваше 21.5 проценти, во 2016 година 21.9 проценти, додека во 2017 година 22,2 проценти од лицата живеат под прагот на сиромаштија, наведено е во неодамна објавената публикацијата на ДЗС “Анкета за приходи и услови за живеење, 2017 година”.

Во раст е и бројот на сиромашните мерено и според тоа како се задоволуваат потребите. Барем четири од девет потреби во 2015 година не можеле да си задоволат 30,4 проценти од граѓаните, во 2016 процентот се намалил на 30, за во 2017 година опфатот на лицата кои не се во состојба да задоволат голем дел од егзистенцијалните потреби да се зголеми на 31,1 процент.

За сиромашни се сметаат лицата кои живеат сами со годишен приход од 90.129 денари, додека пак прагот на сиромаштија за четиричлено домаќинство кое по дефиниција е составено од двајца возрасни и две деца под 14 години е поставен на годишен приход од 189.270 денари. По тие критериуми, на крајот на 2017 година во нашата држава живееле 460,3 илјади сиромашни лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This