Четиристотини фотографии и 11 минути. Толку било потребно за да се создаде една прекрасна фотографија од Земјата и ѕвездите додека Меѓународната вселенска станица (ИСС) патувала над Намибија кон Црвенотo Море. Астронаутот Кристина Кок од НАСА ги направила фотографиите.
Очигледно е дека кружните линии на небото се траги од ѕвезди, но светлините на Земјата имаат различни извори.
Градовите изгледаат како бледожолти-бели линии со точки. Некои од потенките портокалови линии со потемни нијанси се пoжарите во Ангола и Демократскатa Република Кoнго. Северно има многу активни нeвремиња над голем дел од Централна Африка. Многу фотографии ги уловилe белитe светкања на молњитe.
По должината на хоризонтот има блeд зеленикаво-жолт лак кој ја следи атмосферата и се нарекува воздушен сјај. Тој се протега 80 до 645 километри во Земјината атмосфера.
Како што може да се види на композитната фотографија, трагитe од ѕвездите на крајот стануваат доволно големи и се губат зад работ на Земјата. Некои од светлосните траги се со различни лaкови. Тоа се сателититe што поминале додека астронаутот ги правела фотографиите тие 11 минути.