НАЈСТАРАТА СИНАГОГА НАДВОР ОД ИЗРАЕЛ СЕ НАОЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Професорката Силјановска на Фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес со длабока тага одново се потсетивме на 76 години од депортацијата на македонските Евреи, на трагедијата и ужасите на Холокаустот што ни се случија во Втората светска војна; велам нам, бидејќи Евреите беа и останаа наши сограѓани, напиша кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.

-Малкумина знаат дека Најстарата Синагога надвор од Израел е токму во нашата Македонија; остатоци од две синагоги се пронајдени во археолошкиот локалитет Стоби, кои датираат од првиот век од нашата ера. Ужасната трагедија на Евреите беше трагедија за секој припадник на оваа земја. Како дел на еден монструозен план за бришење на постоењето на еден цел народ од лицето на земјата, Холокаустот е нешто за што велиме дека не смее да се повтори. Никому и никаде! За време на денешната свечена церемонија за отворање на постојаната изложбена поставка во МНТ, се сетив на еден вистински случај: еден новинар го прашува Пинкасо Гутер, човек кој не само што го преживеал Холокаустот, туку и минал низ дури шест концентрациони логори, дали некогаш посакал одмазда. Одговорот бил: „Јас не сум одмаздољубив човек, но сакам правда, а правдата не е одмазда“-напиша таа.

 

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Monday, March 11, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This