April 20, 2024, 11:43 am

НАЈСТАРИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ СЕ УШТЕ СЕ КОРИСТИ: Еве и каде

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се користи од 1919 година, а овековечен е во незаборавната песна на легендарниот Глен Милер.

Порано единствена опција за да се воспостави телефонски повик, потребно беше да се разговара со личноста на централа. Секако, телефонијата од тогаш е променета од темел и сега сосема нормално можете да ја добиете секоја личност на телефон без проблем, ако го знаете бројот се разбира.

Пред повеќе од стотина години, телефонските броеви биле различни, а некои од нив преживеале и до денес. „Пенсилванија 6-5000“ морале да изговорат гостите во далечната 1919 година ако сакале да се јават на рецепцијата на хотелот „Пенсилванија“ во Њу Јорк. Бројот на телефон бил толку познат па дури и легендарниот Глен Милер направил песна за тоа.

Со текот на годините и бројните надоградувања на телефонскиот состав, бројот малку се изменил. Во почетокот на триесеттите од минатиот век, бројот бил скратен на „PE6-5000“, а нешто подоцна буквите преминале во 73. Така што, денес хотелот има телефонски број 736-5000. Со оглед на тоа дека уште се употребува, ова е најстариот број во Њу Јорк, а најверојатно и во светот. Споменатиот Глен Милер две години живеел во хотелот, па неговата песна до 2012 година била пуштана ако сите телефонски линии биле зафатени.

Денес хотелот не е ниту бледа слика од некогашниот изглед. Со години моменталните сопственици размислуваат за рушење на хотелот, но уште не ја донеле конечната одлука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This