НАЈСТУДЕНИОТ ГРАД ВО СВЕТОТ: Град со 270.000 жители кој живеат на -50 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нјастудениот град во светот се наоѓа помеѓу Сибир и Камчатка, со популација од над 270.000 луѓе, град во кој се забележани најниските температури во светот. Редовната температура во зима е -36 степени целзиусови, а екстремите можат да ја спуштат температурата и под -50.

Градот Јактуск живее како и секој нормален град. Таму има бројни театри, кино сали, трговски центри, дел од нив под земја. Во Јакутск има и зоолошка градина која покрај екстремните температури успешно успева да ги сочува своите животни.

Во долината на реката Јана е забележана најниската температура од -62 степени целзиусови. Реката поминува низ Јакутск. Жителите главно се занимаваат со рударство, а жителите на околните села со рибарство. Инаку Јакутск е главно пристаниште на реката Лена. Од рударството Јакутск е главен извезувач на дијаманти.

Пред неколку години во дел од селата пукнаа цевките за греење што ги натера жителите да се собираат на едно место со цел да се згреат околу печки на дрва.

Кога камионџиите тргнуваат на пат за да однесат намирници во селата тие не ги исклучуваат моторите на нивните камиони за време на целото патување кое може да трае две и повеќе недели.”

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This