April 20, 2024, 12:45 am

НАЈСТУДЕНО ВО СКОПЈЕ И БЕРОВО: Денес облачно со повремени врнежи, утре нагло заладување!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Во ноќните часови врнежите ќе престанат.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Температурата ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне девет степени.

Утре ќе преовладува облачно и постудено време, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините со снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а во вечерните часови врнежите ќе се поместат на исток.

Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.

Утрово до седум часот најстудено беше во Скопје (Петровец) и во Берово, минус четири степени, а максимални шест се измерени во Дебар.

Според УХМР, -3 е во Гевгелија и Струмица, -2 е во Скопје (Зајчев Рид), -1 е во Крива Паланка, Битола, Демир Капија, Штип и Тетово, еден степен е во Крушево, Ѓуриште и Пожаране, два во Маврово и Виница, четири во Прилеп и Тополчани, а пет степени е во Охрид и Претор.

Снег со висина од два сантиметра има во Маврови Анови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This