НАЈТАЖНАТА ПРИКАЗНА НА ГИНЕКОЛОГ: Денес плачев, бидејќи изгубив една жена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трогателна порака од Србија за гинеколог кој изгубил пациентка при пораѓај го обиколи Балканот.

Во неа се раскажува приказната за една мајка која минала низ бројни проблеми за да зачне и да го донесе на свет своето бебенце, но успеала само за секунда да го држи во рацете своето чедо пред да издише за последен пат

Денес е најтажниот ден во мојот живот.

Како доктор имам породено многу трудници и секојпат кога влегувам во породилната сала, му се молам на Бог да ги награди сите мајки.

Болката која жените ја искусуваат за време на породувањето е неопишлива, а таа не ги вклучува оние девет месеци бременост. Жените поминуваат низ многу само за да донесат на свет нов живот.

Денес плачев, бидејќи изгубив една жена. Не се молиме за вакви нешта, но понекогаш Бог има други планови. Зошто случајот на оваа жена беше толку болен? Таа не можеше да има деца 14 години! Пробавме со ин витро оплодување и други методи кои му се познати на човекот. Жената помина низ многу.

На крај, Бог ја награди. Тоа беше над науката и човековото знаење. Забремени и покрај тоа што имаше цисти на јајниците и миоми на матката. Миомите почнаа да исчезнуваат и сè беше во ред, знаев дека Бог го направи тоа што нам ни изгледа неверојатно, од неговата милост и величественост.

По девет месеци, дојде време за пораѓај. Нејзиниот сопруг ја донесе во болница и јас брзо оставив сè што правев, за да можам да ја посетам. Се пораѓаше со часови. По седум часа, беше толку болно што одлучив да ја отворам. Ја изгубивме, но бебето беше живо. Пред да почине, го држеше бебето во рацете, се насмевна и рече „Бог е најголем“, а потоа почина.

Бев потресен и тажен, отидов кај нејзиниот сопруг да му соопштам што се случи, а само што слушна, се онесвести. Неговиот најсреќен ден се претвори во тажен. Денес изгубивме еден живот, раѓајќи нов.

Ве молам почитувајте ги жените, бидејќи тие поминуваат низ долината на смртта само за да донесат нов живот. Почитувајте ги своите жени! Тоа што го носат бебето девет месеци не е шала, а што се пораѓаат со часови само за да го родат вашето дете е голема жртва.

Го молам Бог да го заштити секој кој ја чита оваа порака, а особено трудниците, ве молам да бидат во вашите молитви.

Ве молам, ако имате проблеми со вашата мајка и одбивате да ѝ се јавите, ве молам сега да ѝ се јавите. Таа помина низ многу за да ве роди!

Пораката на Facebook има десетици илјади допаѓања и поттикна бројни коментари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This