НАЈТЕШKOТО ДОПРВА ДОАЃА: Два големи пожapи во Австралија се сврзаа во мега пожар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два големи пожари во Австралија се сврзаа во мега пожар.

Од полноќ е прогласена вонредна состојба поради два пожари кои се поврзале. Овој голем пожар беснее на површина од 600.000 хектари. Властите предупредуваат дека најтешкото допрва доаѓа.

 

 

 

Со денови се стравуваше дека огнот ќе ја помине границата меѓу сојузните држави Нов Јужен Велс и Викторија. Повеќе од 100 пожари во моментот земаат замав.

Локалниот командант на противпожарните сили, Шен Фитсимонс изјави дека повторно имаат големи проблеми во гаснењето на огнот.

Граѓаните вчера добија наредба за евакуација.

 

 

 

Метеоролозите најавуваат уште потопли денови. Досега загинаа најмалку 27 луѓе, а илјадници останаа без покрив над главата затоа што пожарите уништија 10,3 милиони хектари земја. Со пожари е зафатена површина колку Јужна Кореја.
Пинк, Никол Кидман, Селена Гомез, Мајли Сајрус, Елтон Џон, Новак Ѓоковиќ се само некои од славните личности што деновиве донираа високи суми пари за опожарената Австралија.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This