НАЈЧЕВСКА СЕ НАЛУТИ: Ако може некој кој бркал по контејнери да стане пратеник, не гледам зошто пратеникот не може да си се врати на старата активност – да брка по контејнери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако може некој кој бркал по контејнери да стане пратеник, не гледам зошто пратеникот не може да си се врати на старата активност – да брка по контејнери.

Она што не смее да се случи е пратеникот да бенефицира од функцијата пратеник. Тој станал пратеник за да ги претставува граѓаните, да биде нивни глас во највисокото законодавно тело, а не да добива било какви бенефиции и лична корист. Пратеник не е вработување туку е претставување. За вработување се потребни квалификации, а за пратеник е доволно група граѓани да мисли дека конкретниот човек може верно да ги застапува нивните интереси.
Пратеникот не смее да ја напушти пратеничката функција: со повеќе пари, поголем имот, повисоко образование, од она кое што го имал кога бил избран. Секое зголемување на богатството, образованието, имотот во време на вршење на пратеничката функција е сомнително и треба да биде сериозно истражено. Донесување на закон со кој се гарантираат бенефиции за пратениците кои немаат врска со нивната функција на претставници на граѓаните значи озаконување на корупцијата. Такви пратеници воопшто не ни се потребни, вели Мирјана Најчевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This