НАЈЧЕВСКА: Се чувствувам како глупача, ми се смеат по улица, јас ги донесов на власт тие ме казнуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Мирјана Најчевска се чувствува понижена и ги губи како што вели живците поради последната кривична пријава која ја доби поради учеството во ,,шарената револуција’’, ова го изјави таа во дебатната емисија Отворено студио на ТВ 24.

Таа посочи дека сега луѓето и се смеат поради тоа што се ,,акала’’ по улиците и сега оние кои што Најчевска ги донела на власт, ја казниле за фарбањето на државните институции.

-Како не е политички притисок, јас наместо да се занимавам сега со својата работа. Значи наместо да се бавам со она што ми е работам, наместо да се бавам со анализи, наместо да се бавам со студии, јас треба да губам време со подготвување на жалби, треба да губам со проочување на законски текстови, треба да губам време со размислување за судски процеси. И да ви кажам она што ми е најстрашно да губам живци. И да се чувствувам понижена. Зашто? Затоа што сега една Ванковска, една Силјановска, еден Миленко, еден Јади Бурек, сега уживаат, сега се смеат. И викаат види ја онаа глупачана Најчевска, се акаше по улиците и сега нејзините кои што ги донесе на власт ја казнија. Ние не ја казнивме, но тие ја казнија, вели Најчевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This