НАЈЧЕВСКА СО КОНТРА УДAP ЗА ИЗРЕЧЕНАТА ПАРИЧНА КA3НА: Државата против мене и јас против државата.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката и активист на Шараената револуција, Мирјана Најчевска откако и беше изречана парична кaзна во висина од 2оо евра, одлучи да ја обжали преcyдата и за истата да поднесе жалба.

Таа во својата жалба до Комисијата за прекршоци при МВР, бара од второстепената комисија да изврши целосен увид во досието за овој случај, а воедно и како и да направи споредба со други случаи по истата основа заради индицирана диcкpиминиација. Таа дури именува и пет лица против кои е спремна да поднесе кpивични пријави.

Бр. УП 1.19.1.4-1528/16-2018

Преку: Комисијата за прекршоци Скопје 04, МВР

До: Државната комисија за одлучување

во втор степен во областа на

инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

при Владата на Република Северна Македониј

Жалител: Мирјана НАЈЧЕВСКА,

Ж А Л Б А

против Решението на Комисијата за прекршоци Скопје 04

Бр. УП 1.19.1.4-1528/16 од 27.11.2018

Со Решението на Комисијата за прекршоци Скопје 04 со бр. УП 1.19.1.4-1528/16-2018 (натаму: Решението), е одлучено дека сум одговорна за дејствие со што наводно сум сторила прекршок по чл.  27 од Законот за прекршоците против ЈРМ и ми е изречена санкција глоба во износ од 6.160 денари.

Во својство на Жалителот изјавувам дека Решението е целосно неосновано, како материјално така и процедурално, па, имајќи предвид дека Решението ми беше врачено на 26.02.2019 година (дваесетишестти февруари), благовремено ја изјавувам оваа Жалба од следниве причини:

  • Целосна застарба на постапката;
  • Неправилно утврдена фактичка состојба;
  • Индицирана дискриминација;
  • Отсуство на елементи за прекршочно дело; и
  • Прекршени човекови права.

Врз основа на тоа, како Жалител бараМ Второстепената комисија, согласно чл. 74 од Законот за прекршоците (Службен весник на РМ бр.124/15)  да ја уважи оваа Жалба, да одлучи поинаку и со ново решение да го замени решението со кое се прогласувам за одговорна за сторен прекршок.

Едновремено БАРАМ, Второстепената комисија да изврши целосен увид во досието за овој случај на Комисијата за прекршоци Скопје – 04, како и да направи споредба со други случаи по истата основа заради индицирана дискриминиација и да ме извести за своите наводи како би можела да поднесам кривична пријава против лицата Спасен Софески, Сеад Мемеди, Благоја Петрушевски,  Мустафа Магди и Гоце Николовски заради основано сомнение дека е направено кривично дело при вршењето на службена должност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This