НАЈЧЕСКА:Има индиции за договорени активности со кои се овозможило бегството на Груевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Мирјана Најческа беше еден од интелектуалците кои нај ж естоко се бо реа про тив владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Во интервјуто за „Економски Лидер“, професорката ги покажува своите разоча рувања и со мнежи од тоа што институциите го испуштија од раце експремиерот Никола Груевски, кој побегна во Унгарија каде што бара азил.

Има инд икации дека станува збор за договорени активности со кои е овозможено бе г ството на осу дениот кр иминалец Никола Груевски, меѓутоа постои голема можност да станува збор за предвидлив резултат од неизвршената деконструкција на институциите и нивното ослободување од кор умпираниот кадар кој го поддржувал и овозможувал на владеењето на Никола Груевски.

Дали ова сц енарио беше оддамна планирано и поврзано со обезбедување на мнозинство за отварање на Уставот?

Не можам да ја отфрлам оваа можност, меѓутоа тоа е изводливо само во ситуација на непостоење независно јавно обвинителство, потполно партиски зависно судство и корумпирано МВР.

Власта распиша меѓународна потерница, Груевски побара пол итички азил. Дали процедурата ќе се одвива на мускули, кој е помоќен и кој има поголеми меѓународни контакти?

Прво, не постои категорија пол итички азил заради тоа што не постои економски азил. Значи, секој азил препознаен во моментов од страна на меѓународната заедница е азил од политички причини. Второ, Република Македонија од страна на меѓународната заедница е прогласена за без бедна држава и секое давање на а зил од политички причини ќе значи негирање на оценките на меѓународната заедница.

Дали власта знаела дека Никола Груевски поседува и друг пасош а во игра се и големи пари?

Која е сега правната процедурата за враќање на екс-премиерот во земјава?

Постојат повеќе начини, меѓутоа во основа се се сведува на некој од облиците на екстрадиција.

Успеја ли Гревски да си ја оствари целта, а цената за тоа да ја пла ќаат неговите сопартијци осо мничени во случаите на СЈО?

Не би можела да кажам која му била цел на Никола Груевски (освен да не одговара за сторените кривични дела). Сигурна сум дека бегството ќе создаде услови за барање построги мерки на обезбедување на останатите обивинети.

Треба ли власта да понесе политичка одговорност за бегството на Груевски?

Да. Мора да се понесе политичка одговорност. Најмало нешто што треба да се направи е оставка/разрешување на министерот за внатрешни работи. Меѓутоа, ова подразбира и сериозно преиспитување на досегашното делување на владејачките партии кои дозволија опстојување на старите структури и стариот начин на делување во сите институции на власта.

Посебно треба да се преиспита отсуството на приоритетните активности во насока на обезбедување функционални контролни механизми како што се: Уставен суд, Комисија за заштита од дискриминација, Комисија за спречување на корупција, Народен правобранител, …

Дел од интервјуто за Економски лидер

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This