March 28, 2024, 11:56 pm

Најчестите мудрости што татковците ги употребуваат во воспитувањето на своите деца!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Филмското студио Twentieth Century Fox Home Entertainment направи истражување за тоа кои се најчестите мудрости што татковците ги употребуваат во воспитувањето на своите деца. Резултатите покажале дека тие мудрости најчесто се поврзани со парите.
Истражувањето покажало дека околу 55 отсто од луѓето повеќето мудри мисли ги поврзуваат со таткото, додека 63 отсто сметаат дека тие фрази се забавни.

Најчеста и најмила реченица е „парите не растат на дрво“, а татковците на децата на свој духовит начин им објаснуваат дека „малку тешка работа на никој не му наштетила“, пренесува Mirror.

Околу 43 отсто од испитаниците признале дека ги копираат татковците и дека ги користат најпопуларните фрази во воспитувањето како оние од типот „ќе разбереш кога ќе пораснеш“.

Истражувањето покажало дека децата не ги игнорираат советите од родителите.

Ова се мудрите мисли што татковците најчесто ги користат:

-Не сум јас банка за тебе.

-Парите не растат на дрво.

-Ех, кога јас бев на твои години…

-Не спијам, само ги одморам очите.

-Нема повеќе да ти повторувам.

-Ти да не си пораснал/а во штала?

-Не зборувај така со мајка ти.

-Ако некој ти каже да се фрлиш од зграда, ќе се фрлиш ли?

-Престани да плачеш или навистина ќе ти дадам причини за плачење.

-Немој да ѝ кажеш на мајка ти.

-Кога ние бевме деца, бевме пресреќни ако ни купеја чоколадо за Божик, а не како вас денес.

-Малку тешка работа на никој не му наштетила.

-Ќе разбереш кога ќе пораснеш.

-Сигурно нема да излезеш така облечен/а?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This