Најmaгичниот датум е токму утpe: 11.11, еве како да ви се исполни голема желба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре е еден од најмагичните датуми во годинта, 11.11 е денот кога имаме најдобра енергија да ги манифестираме своите желби. Еве што е потребно да направите за да ни се оствари некоја голема желба за која одамна мечтаете.

Бројот 11 се смета за број со исклучително посебна фреквенција, а кога е двојно зголемен, се верува дека носи реализација на желбите и дека Универзумот ни помага полесно да ги достигнеме сопствените цели. Во нумерологијата и тарот број 1 е претставен како волшебник. Симболиката на волшебникот поврзана со оваа бројка е дека секој волшебник користи духовни и физички алатки за да создаде нешто волшебно од ништо. Со серија броеви 11-11, магичните сили на манифестацијата се удвојуваат и се верува дека се зголемуваат шансите соните да се претворат во реалност.

На пример, ако постојано забележувате број 11 околу вас, тоа е знак од Универзумот да ја следите вашата цел.

11-ти ноември е одличен ден да ги спомените вашите најголеми соништа што сакате да ги остварите. Ниту еден сон не е премногу голем за оваа енергија! Било да е тоа вашиот дом од соништата или совршениот партнер, размислете за нив од срце и ослободете ја таа позитивна енергија. Нека универзумот го направи останатото.

Имајте отворен ум, поврзете се со вашите духовни водичи и исто така можете да ги манифестирате своите соништа. Енергијата од оваа серија броеви ви помага да продолжите по патот на душата и по вистинската љубов.

На овој датум, Универзумот ве охрабрува да ги користите вашите скриени алатки и способности за реализација и манифестирање. Ова е време да се поврзете со вашите внатрешни волшебни сили и да ги користите на најдобар начин.

Како да замислите желба додека владее волшебната низа од броевите 11-11

Херметичките принципи и законот на привлечност нè учат дека манифестацијата започнува со нашите мисли. Она за што мислиме е каде тече нашата енергија. Дури и кога не е 11-ти ноември, вашите мисли ја обликуваат вашата реалност. Не дозволувајте негативните мисли да ве повредуваат и да ве воздржуваат.

Пред да размислите за некоја манифестација, започнете да размислувате зошто сакате да манифестирате одредена идеја. Седнете во позиција за медитација и размислувајте за тоа. Погледнете во вашата душа и станете свесни за причините што стојат зад вашите желби. Ако ја имате таа јасност, тоа му помага на процесот на манифестација полесно и побрзо да ги исполни целите.

Кога сте јасни со своите желби и имате целосна поддршка од вашите ангели, ќе бидете подготвени да ја дочекате реализацијата на вашите соништа. Поставете си прашања како што се замислувате себе си во иднина.

Кој или што ве опкружува? Како ќе се чувствувате кога ќе ви се исполнат најдлабоките желби? Колку повеќе размислувате за истите, полесно ќе биде да ги претворите во ваша реалност. Нека секоја ваша постапка биде дел од процесот на манифестација.

Извор: Нане

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This