На автопатот кај Табановце забележани групи мигранти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во близина на граничниот премин Табановце се забележани нелегални мигранти, евентуално први од најновиот бран кој почна да го чувствува Грција. Од видеото кое го доби Алсат се гледа како можеби почнува нов мигрантски бран како резултат на одлуката на турската влада да ги отвори границите за сириските бегалци. Сепак, од МВР не даваат детали за ситуацијата.

„Во врска со прашањето за илегалната миграција, ве известуваме дека ситуацијата на државните граници е непроменета. Што се однесува до настаните во регионот, тие постојано се следат“-велат од МВР.

Но, евидентно е дека состојбата на турско-грчката граница станува тензична. Грчката полиција денеска фрлаше солзавец за да ги одврати емигрантите да влезат на нејзина територија, додека тие возвраќаа со фрлање камења.

Властите во Атина ветија дека ќе дадат сè од себе за да ги заштитат границите, додавајќи дека во последните 24 часа спречиле околу 4.000 нелегални премини, а 66 лица биле уапсени. Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека околу 18.000 мигранти се собрале на границата кон Грција и оти бројот може да порасне до 30.000 во текот на денот. Сета оваа најнова тензија и наплив на мигранти, следуваат по воздушните напади на сириската и руската армија во Идлиб, Сирија, во кои загинаа 33 турски војници. Турската влада одлучи да ја отвори границата за сириските мигранти кои во 2015-2016 година ги запре при нивните обиди да мигрираат кон државите на Европската унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This