НА АЛБАНЦИТЕ ИМ ТРЕБА ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ПРИПОЈАТ КОН АЛБАНИЈА: Другите делови да ги зграбат Бугарија и Грција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставниците на владата во технички мандат, и ВМРО-ДМНе као партија на чео со Никола Груевски од една, и Зоран Заев, лидер на леволибералната СДСМ, од друга страна, водат борба и надвор од границите на Македонија.

gruevski_malta

Истовремено, протеститена народот во Македонија кој се противи на формирање на влада заснована на „Тиранската платформа“ – документ усогласен во Албанија- не престануваат веќе 32 дена.

Почнувајќи од декмри минатата година, кога, девет дена по парламентарните избори во некога најјужната република на бившата СФРЈ, е појави текст на британскиот дипломта Тимоти Лес, во магазинот Форин Аферс, западните медиуми започнаа се почесто да ги пратат случувањата во оваа земја. Освен за Македонија, и поширок на Балканот, како точки на превирања на спротивставените интереси на Унијата и Русија, на нестабилно подрачје, пишуваат и говорат највисоките претставници на ЕУ, почнувајќи од шефот на Европската комисија Жан-Клод Јунке до германските и швајцарскте весници.

Таа политичка криза се прели и во медиумите во Србија кои известуваат за нашиот јужен сосед – пишува во својата најнова колумна др.Слободан Јанковиќ, за аналитичкиот портал Факти.орг

Главниот спор во Скопје е околу тоа дали може да се формира влада која е заснована на „Тиранската платформа“, документ кој го усвоија албанските партии во Македонија заедно со албанскиот премиер Еди Рама во претстолнината на Албанија, и дали треба да се менува принципот востановен во 2001, според кој двете водечки партии на Македонците и македонските Албанци треба да формираат влада.

Самата „тиранска платформа“ е по се судејќи, вовед во поделба на зејата која би ја вовела прво во федерализација, а потоа во припојување на западниот дел на Албанија. Тогаш веројатно за остатокот на земјата би посегнале Бугарија и Грција – смета Јанковиќ.

Интернационализација на македонскиот спор

Од самиот почеток на кризата, фактот дека најголемиот дел е правен на темел на договор со друга држава, зборува за странскиот елемент во процесот на воспоставување на извршната власт.

Зоран Заев, лидер на социјалдемократската СДСМ, доби директна поддршка од Јоханес Хан, еврокомесар за добрососедство, посредно – и од Федерика Могерини, Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, НАТО и американската амбасада во Скопје.

Старата клинтоновска администрација, чиј преставник и актуелен амбасадор на САД во Скопје, пружа поддршка на СДСМ на Заев, кој постигна договор со трите албански партии – смета Јанковиќ и додава дека од друга страна техничката влада која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ настојува да воспостави добри односи со новите власти во Вашингтон, со кабинетот на Трамп и министерството за надворешни работи.

За странската улога, освен очигелдните албански, се огласија и шест американски сенатори во средната на март, кога испратија писмо до новиот шеф на Стејт Департментот, во кој бараат Америка да се соочи со Сорос и да престане да учествува во разгорувањето на кризата во странство, наведувајќи го како конкретен пример, помошта на УСАИД, владина агенција, за фондациите на Сорос преку кои се дестабилизраше Македонија.

Во Македонија е формирано движење Стоп операција Сорос (СОС), со сајт на англиски јазик, Стоп Сорос, кој изнесува податоци за делувањето на овој милијардер, кој јавно се претставува како филантроп, а кој всушност настојува да ги усмерува и поттикнува политичките процеси во бројни земји, посебно во источна Европа – заклучува Јанковиќ.

Техничкиот премиер Емил Димитриев, од редовите на ВМРО, во моментот е на претстој во Малта на конгресот на Европските народни партии – најголема коалиција во Европскиот парламент, 29 и 30 март како придружник на Никола Груевски, лидер на ВМРО. Словенечкиот претставник на Малта, Јанез Јанша, изнесе јасна поддршка за Македонија во борбата против Сорос.

Јасно е дека внатрешнот судир се прели и надвор од земјата.

Напад на ВМРО во медиумите на српски јазк

Нашите медиуми посветуваат внимание на случувањата во Скопје и цела Македонија – вели Јанковиќ.

Нодамна лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е поддржан од три албански партии, даде интервју за весникот „Данас“ и проба да демантира дека се договорил за подигнување на обвинение за геноцид против Србите. Меѓутоа, некко превиде да соопшти како неговата блиска соработничка Шеќеринска неодамна потврди дека е постигна договор околу резолуцијата во Собранието со која би се „осудиле страдањата на сите“. – вели Јанковиќ.

Американската ТВ станица во Србија, Н1, пренесе изјава на функционер на локалната албанска партија ДУИ, Џеват Адеми, за тоа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ би ја прифатил „Тиранската платформа“ и дека единствено немале согласност околу мандатот на специјалното обвинителство.

Сепак, нелогично е дека договорот на двете партии да пропаднал поради мандатот на обвинителството кое треба да собере докази против овие две партии, бидејќи истрагата се фокусира на аферата за неовластеното прислушкување на политичарите всушност во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – констатира Јанковиќ и додава дека нешто друго е причината поради непостигнувањето на договор. Со обзир на јавно изразената поддршка па и повиците на НАТО, бриселските еврокомесари и американскиот амбасадор, претседателот на Македонија да го даде мандатот на Зоран Заев зо формирање на влада, јасно е дека е странски интерес усмерен против продолжување на владата која ја предводи македонската умерена десница.

Станува збор секако за клинтоновци, т.н. леволиберален естаблишмент кој претрпе пораз во САД, на референдумот во Бринтаија и чии ЕУ проект веќе десет години се наоѓа во голема криза.

Македонската борба е само дел од поширок судир помеѓу европските народи и однародената бирократија поддржана од страна на милијардерот филантроп како Џорџ Сорос.

др.Слободн Јанковиќ

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This