НА БУГАРИЈА И НЕДОСТАСУВА ХРИСТИЈАНСКО НАСЕЛЕНИЕ: Толку ли е тешко да се види крајната цел на оваа ,,тотална распродажба-се за едно евро”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Толку ли е тешко да се види крајната цел на оваа “тотална распродажба-се за едно евро”?Треба да се пополни недостатокот на Христијанско население во една соседна европска земја, од која нејзините христијански жители, поточно 2 500 000, си заминале и немаат намера да се вратат. А тенденцијата на заминување не престанува и, претпоставка е дека, во следниве години бројката забрзано може да порасне, за уште еден милион.

Тоа ќе значи дека во таа земја доминантно население ќе стане муслиманското, што за европска членка ќе биде прв и единствен случај, односно нема таква земја членка. Мое скромно мислење е дека можеби, ќе повторам можеби процентот на Муслиманско население во една земја е непишано правило по кое се одредува дали ќе станете член на тоа европско семејство. Еве зошто мислам така.

Процент на Муслиманско население во:

Англија 5,2/Италија 2,3/Франција10/Германија 5,7/Холандија 4,9/Грција 1,2/Романија 0,37/Унгарија 0,057/Австрија 4,2/Словенија 2,4/Полска 0,1/Словачка 0,2/Чешка 0,2/Данска 4,8/Шпанија 4,0/Швајцарија 5,0/Луксембург 2,3/Белгија 6,5/Хрватска 1,47/Ирска 1,3/Финска 2,7/Шведска 8,1/Норвешка 5,7/Литванија 0,1/Кипар 18/Бугарија 7,8.

Ова се бројките а тие скоро секогаш се, немилocрдни. Нашите бројки не се вклопуваат во ова табела. Освен ако не се прекрои картата.

Да се вратиме на дупката за која треба да се најде крпка во една соседна европска земја. Тоа е веќе во процедура. Прогласувајќи ги мpтвитe за за свои, на подарок ги добиваш и живите, и оние кои ќе се родат, пишува актерот Тони Михајловски на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This