НА БУГАРСКА ТЕЛЕВИЗИЈА: Ѓоргиев и Димитров се coочија за Гоце Делчев на ТВ гостување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со умерен оптимизам, но и со очекувања другата страна да го направи неопходниот исчекор, жешката тема Гоце Делчев попладнево е на маса пред мешовитата македонско- бугарска комисија во Софија, пренесува Канал 5.

И двете страни признаваат дека седмата средба во низа ја почнуваат со сериозни разидувања. Тоа предводниците на тимовите, Димитров и Ѓоргиев го изложија и во синоќешното соочувањето на Бугарската национална телевизија. За Димитров идентитетот на револуционерот е веќе затворено прашања, за македонскиот колега пак, тема што воопшто не треба да се отвора.

-Има ли место за спор околу ликот и делото на Делчев? Според мене нема, затоа што ние не определивме што бил Гоце Делчев, тој самиот се определил. А, тој се самоопределил како Бугарин? Така е, а сега работа на историчарите е да утврдуваат нешто, а тоа да биде појдовната точка за разбирање на процесите. Нашата желба е да го разгледуваме Гоце Делчев како обединувачка личност од општата историја во контекст на неговото историско време. , изјави Ангел Димитров, претседател на бугарскиот тим од комисијата.

-Работа на Комисијата не е да го утврди идентитетот на Делчев, туку да утврди кои се вредностите на Делчев, кои го прават личност да биде заеднички чествувана. Околу идентитетот на Делчев, во двете историографии секогаш ќе постојат разидувања, барем во догледно време. Сметам дека ќе продолжат тие несогласувања. , вели Драги Ѓоргиев претседател на тимот од македонската комисија.

Вчера на дневен ред пред Комисијата се најдоа спорните делови од бугарските учебници по историја за шесто одделение, кои го опфаќаат доцниот средновековен период. И Ѓорѓиев и Димитров различно го перцепираат напредокот по ова прашање.

-Успеавме да утврдиме неколку генерални препораки, на кои треба да се внимава при пишувањето на учебниците, вели Ѓоргиев.

-Всушност за никакви теми не сме постигнале согласност. Се согласивме за три најопшти точки, а не за нешто поконкретно, вели Димитров.

Во интервјуто, и двајцата историчари изложија различни ставови околу темпото на разговорите. Според Димитров средбите се многу ретки и недоволни. Според Ѓоргиев, пак, интензивирањето на разговорите ќе донесе контрапродуктивност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This