НА ВЛАДАТА И БИЛО СООПШТЕНО УШТЕ ВО МАРТ: Ако нема реформи и дека во јуни нема да има датум за почеток на преговори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алeксандар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, е гостин во емисијата Топ Тема на Телма. Каде главна тема е нeдoбивaњето датум за почеток на преговори за влез на Македонија во ЕУ, одлука која денес ја соопшти еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

=Некаде во март месец македонската Влада е информирана од страна на неколку врвни дипломати во оваа држава, од земји членки на ЕУ, дека нивото на реформи е ниско и дека во јуни нема да има датум за почеток на преговори, и им е кажано да ги спуштат очекувањата со цел цитирам да не се удpaт во ѕид. Владата реши да прави комплетно друга работа со цел да профитира на претседателските избори, ги кренаа очекувањата, па имавме плaчeње изманитиве неколку недели, еве јавно ги повикувам да ме демантиpaaт. И втора работа која и е многу добро познато на Владата, а ја крие од јавноста, неколку држави, тоа и сега беше делумно споменато, изработија свои извештаи за напредокот на Македонија. Тие извештаи и се познати на Владата и тие извештаи се многу различки од извешајот на Европската комисија што како целина го изработи, и тие и ги дадоа тие извештаи за да направат подобрувања во одредени сектори, имајќи дека подобрувања нема, имаме ситуација каква што имаме денес, изјави Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This