НА ВЛЕЗОТ НА СТАДИОНОТ ЌЕ ИМА РИГОРОЗНИ КОНТРОЛИ: Дојдете порано

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира до сите кои вечерва во живо ќе го следат натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, да дојдат порано за да се избегнат непотребни гужви.

– На влезот се предвидени ригорозни контроли и нема да биде дозволено внесување на монети, запалки, лименки, шишиња или други предмети – Велат од МВР.

За време на натпреварот ќе бидат ангажирани точно 2.600 полицајци. Ќе ја обезбедуваат арената „Телеком“, реонот околу фудбалскиот стадион и фан-зоните.

Од МВР потсетуваат и на инструкциите на УЕФА дека на стадионот ќе може да се внесат само знамиња од двата фудбалски клуба, како и националните знамиња на Шпанија и Англија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This