На Германците им се зakaнува тoxcична тиња и кал – Голем pизик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во поплавите кои погодиаја делови од западна Европа загинале најмалу 189 луѓе, а на стотина луѓе се водат како исчезнати.

Повеќе од десетина илјади луѓе ги напуштиле своите домови, а многумина и понатаму немаат струја и вода.

Во меѓувреме во Германија, после повлекување на водата, откриена е реалната штета која е нанесена од пороите, во кои се погодени цели градови, железничките линии и патишта. Најмалку 158 лица загинале во поплавите, кои претседателот на Германија Франк-Валтер Штајнмејер ги опишал како “најлоши природни катастрофи на векот“. Спрема последните податоци, 165 лица во Германија загинале.

Гемнаските сојузни, државни и локални политичари засега сеуште немаат одговор на пресудното прашање зошто пред овие катастрофални поплави немало ефективни предупредувања.

“Њујорк тајмс“ објавил текст во кој тврди дека Германија знаела за поплавите и навел дека очигледно постојат “грешки во системот за предупрдување“.
Потпаролот на германката метеоролошка служба (DWD) Андерс Фридрихрекол вели дека издавале преупредување поради екстремните дождови и навел дека не е на нив да го утвдуваат ризикот од поплавите, да ги повикуваат луѓето на евакуација и да преземат било какви други мерки.

Оваа агенција соопштила дека не ги изненадила силината на временскиот период на поплавите.

Токсична тиња?

После повлекување на водата, жителите на Германи сега се соочуваат со голем талог на тиња и кал кои можат да доведт до појава на нов бран епидемија.

Бидејќи во текот на поплавите уништени се сите канализациски цевки, доаѓа до мешање на питката вода и канализација, објаснил за “Билд“ стручњак за хигиена и заразни болести Клаус-Дитер Застроу.

“Тоа значи дека постои голем ризик од зараза на разни болести. Би можеле да се зараземе на пример од колера“, наведува Застроу.

Видеото погледнете го и тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This