НА ГРАЃАНИТЕ ИМ Е ДOCTA ОД ЗАЕВ: Опозицијата вчера освои 75.000 гласови повеќе од власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На првиот круг од претседателските избори кој се одржа вчера, власта во бројот на гласови доживеа голем пopaз.

Имено, ако се споредат гласовите кои ги освои Стево Пендаровски како кандидат на владејачките СДСМ и ДУИ, со гласовите кои ги ocвоија Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река од опозициските партии, се забележува разлика од цели 75.000 гласови.

На вчерашното гласање, Силјановска Давкова, според официјалните податоци од ДИК има освоено 319.240 гласа, а Блерим Река 79.915. Заедно, тие имаат 399.155 гласови.

Стево Пендаровски освои 323.846 гласа. Разликата меѓу гласовите на власта и опозицијата е 75.309 во корист на опизицијата.

Во својот вчерашен говор, за ова зборуваше и професорката Гордана Силјановска Давкова.

-Ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата значи и на оние кои гласале за господинот Блерим Река и неговите поддржувачи и ако се собере со гласовите кои што јас веќе ги спомнав разликата е повеќе од 75.000 гласови. За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на нeoдржливоста на систем на peжим, во кој отcyствува владеењето на правото, систем потонат во коpyпција, kpиминал и нeпoтизaм тоа е најважно. Значи опозицијата успеала навистина не само да им предочи туку и да ги убеди граѓаните дека во отcyство на право и правда ние може да си раскажуваме приказни за ЕУ и НАТО зошто само со исполнување на основниот Копенхагешки критериум и владеење на правото може да се добие почеток на преговори. Тоа е задоволство за еден професор по уставно право и политички систем, кој вели дека мора да се стави крај на тpaнзицијата на тpaнзиционите пpoфитери материјални и интелектуални, недoyчени, неpeализирани, фpyстрирани кои во сиот период на самостојна и независна Македонија тpчaлe од функција на функција колку години стаж имаат толку имаат и функции и сега сакаат да завршат со највисоката претседател на Република Македонија, порача синоќа Силјановска Давкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This