НА ГРУЕВСКИ ЌЕ МУ СЕ CУДИ ВО ОТСУСТВО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Никола Груевски ќе му се cуди во отсуство за случајот „Талир“, кој се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Судот донесе такво решение откако тоа го побара СЈО поради фактот што Груевски избегал, не бил достапен за истражните органи и доби азилантски статус во Унгарија.

На денешното рочиште одбраната инсистираше на одлагање, поради тоа што Собранието сѐ уште не се изјаснило по барањето на Судот и на Обвинителството – кој може во судница да го застапува „Талир“ и дали надлежност има СЈО или редовното Обвинителство. О

вој случај го спорат и адвокатите оти Катица Јанева поднесе обвинение по 30 јуни 2017 година, односно по истекување на рокот за поднесување обвиненија зацртан во законот за СЈО. Дополнително и Врховниот суд донесе правно мислење дека СЈО не е надлежно да застапува обвиненија по 30 јуни 2017.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This