НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е УБИЕН „СТАРИОТ“: Тодор Александров, последниот цар на планините и македонски великан!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во плејадта на заслужни македонски синови,кои со својата општествено-политичка активност, пожртвуваност и борба оставија неизбришливи траги во националната историја на македонскиот народ и ВМРО како најсилна воено-политичка машинерија на Македонецот како симбол на непокорот блеска името и делото на Тодор Александров.Во минатото во тоа сиво едноумие за Тодор Александров било забранувано да се зборува,а македонските историчари имале забрана да ги презентираат архивските документи кои говорат за фанатизмот,патриотскиот дух и безбројните дела кои Александров со своите комитаџии како водач на ВМРО ги направил за македонската кауза.

Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година во Ново Село Штип.За време на илинденскиот период Александров бил околиски раководител на кочанскиот регион..Како резултат на предавство на 3 март 1903 година е осуден на 5 години затвор,а казната ја издржува во скопскиот зарвор Куршумли ан.На 10 јануари 1905 година Александров стапува во четата на војводата Мише Развигоров како секретар на четата,додека на третиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ ноември 1907 година е избран за окружен војвода.За време на Младотурската револуција во 1908 година Тодор Александров,не го предава оружјето и заедно со Христо Матов стануваат главни поборници против Младотурците убедувајќи го македонскиот народ дека Младотурците се нови поробувачи на Македонецот и дека Организацијата треба да ја продолжи борбата до целосно протерување на Турците од Македонија и прогласување на нејзина автономија.Тодор Александров со свои чети ќе извршува низа напади и атентати врз Младотурците,а едни од најпознатите акци во овој период кои ќе ги вршат комитаџиите на Александров се Магарешките атентати.

Со букурешкиот мировен договор во 1913 година и поделбата на Македонија се засилува асимилацијата на македонискиот народ во анексираните делови од страна на соседите..По Букурешкиот договор и по завршувањето на Првата светска војна доста тешки стануваат условите за дејствување на ВМОРО бидејќи поделбата на етничка Македонија значела и разединување на револуционерните окрузи,а сето тоа ја спречувала Организацијата во понатамошната дејност.Македонската емиграција која била најмасовна во Бугарија издејствувала најголемиот дел од македонските револуционери да пребегаат во Бугарија,а тоа значело префрлување на македонското револуционерно движење на територијата на бугарската држава.Тодор Александров ја обновува организацијата,возобновени се сите револуционерни окрузи низ цела етничка Македонија,се започнува со засилено вооружување на македонските комити и подготовки за нови вооружени акции во трите поробени делови на Македонија, се до остварување на крајната цел Независна Македонија.Тодор Александров ја продолжува борбата за ослободување на Македонија, извојување на целосна политичка автономија и нејзино дефинирање во независна македонска држава,затоа и самата организација е именувана како ВМРО-Автономистичка,а четите на Александров како автономистички.Така во сите делови на поробена Македонија повторно се обновуваат старите структури на Организацијата-народната власт,судовите,вооружените формации-четите,селската милиција,воведување на даночен систем,додека во училиштата во Пиринска Македонија предавале само учители на Организацијата.За доста краток период Пиринскиот дел на Македонија се претворил во држава во држава односно бастион на ВМРО и представувал основна обединителна алка од каде дејствувале четите на Александров во останатите поробени делови.Во овај период Тодор Алексадров со посебна одлука на ЦК на ВМРО решаваат да се офрли името Одринско,бидејќи по балканските и Првата светска војна грчките војски и андарти извршиле целосно етничко чистење на македонското население во Одринско, па така борбата во овој дел би била беспредметна.Организацијата од ВМОРО го добива името ВМРО.Тодор Александров влегува во значителен судир со бугарската земјоделска влада на Александар Стамболиски која била непријателски насочена кон ВМРО.Владата на Стамболиски во корелација со БКП ќе се стремат за расформирање,на ВМРО,воспоставување на добрососедски односи со кралаството СХС и Грција и засекогаш затворање на македонското прашање,односно зачувување на границите потврдени со Букурешкиот мировен договор.

На 20 декември 1919 година Тодор Александров ја онбовува ВМРО,заедно со Александар Протогеров издаваат циркуларно писмо до сите легални и нелеглни дејци и војводи на Организацијата.ЦК на ВМРО во кој биле Тодор Александров,Александар Протогеров и Петар Чаулев издал писмо до европската општествена јавност во кој пишувало дека ВМРО се обновува и дека ги продолжува идеалите на старата Гоцеделчева ВМРО за ослободување на трите распокинати делови на Македонија,односно дека ВМРО со сите расположливи сили ја продолжува борбата за Независна Македонија.Судирите помеѓу четите на ВМРО и бугарскта влада на Александар Стамболиски, ќе прераснат во една граѓанска војна во која ВМРО на Тодор Александров ќе успее да се издигне, во еден доста моќен военополитчки фактор кој ќе представува опасност и трн во око кај целета бугарска општествена политичка јавност.Тодор Александров испратил неколку предупредувачки писма до бугарските министри и председателот на владата Александар Стамболиски.Во овие предупредувачки писма Александров ја обвинил бугарската влада на БЗНС и БКП дека врши прогонувања на дејци на ВМРО дека води просрбска и антимакеднска политика.Исто така Александорв ја обвинил бугарската влада дека ги подржува финансиски одцепените федералисти кои со владини средства формирале чети кои и се борат против ВМРО.Тодор Александров упатил писмо до целата бугаркса влада дека ако властите продолжат да ја спречуваат ВМРО во борбата за Независна Македонија,ВМРО ќе превземе ригорозни мерки со ликвидации против сите оние кои ја попречуваат дејноста на Организацијата во името на поробениот македонски народ и македонското ослободително дело.Четите на ВМРО предводени од Тодор Александров ќе ја ликвидираат целта земјоделска влада на Стамболиски.Ликвидирани ќе бидат,министерот за внатрешни работи на Бугарија Александар Димитров,кој ќе биде ликвидиран на 22 октомври 1921 година.На 26 септември атентаторот на ВМРО Јордан Цицонков во Чешка,Прага ќе го ликвидира бугарскиот министер Рајко Даскалов,за потоа да биде ликвидиран и Александар Стамболиски кој бил пројугословенски ориентиран,и бил во директен судир со четите на ВМРО.Судирите со бугарските власти ќе се вршат паралелно со комитските акции кои ќе ги вршат четите на Тодор Александров во Вардарска и Егејска Македонија,каде ќе крстосуваат четите на војводите Панчо Михајлов,Иван Брло,Петар Чаулев,а со свои чети во ќе дејсвуваат и Тодор Александров,Тодор Лазаров,Дончо Златков и др.Тодор Александров изградил цел систем на народна милиција составена од добро обучени Македонци кои само во Пиринскиот дел на Македонија броела 9100 души.Акциите кои ќе ги вршат четите на ВМРО посебно против србската војска и полиција во Варадарска Македонија ќе бидат секојдневни. Кон крајот на 1923 година ВМРО на Тодор Александров ќе започне да воспоставува контакти со Димитар Влахов и Павел Шатев,со овај чекор Александров палнирал постепено обединување на сите расположливи револуционерни сили во единствен револуционерен фронт. На 30 декември 1923година бил подготвен проект план за спогодба помеѓу ВМРО и Советската влада проектот бил потпишан лично од Тодор Александров.Во овој проект Тодор Александров ВМРО ја представува како организација на Македонците кои се борат за национално самоопределување,политичка слобода и за социјална правда.Главната цел наведува Алексадров е обединување на Македонија поделена помеѓу Буагарија,Грција и Србија во единствена политичка едница,која би се дефинирала како независна држава или би пристапила кон идната балакнска федерација. Пролетта Тодор Александров во своите писма до македонските организации и целата општествена јавност во Бугарија ќе наведе дека- ВМРО не ја смета комунистичката партија за свој непријател,бидејќи националната организација не ја исклучува социјалната, напротив таа е нејзина неизбежна предпоставка.На 9 април во Виена била потпишана декларација за обединување на македонското револуционерно движење.Во Виена бил целиот ЦК на ВМРО била воспоставена целосна соработка со Коминтерната и СССР.Декларацијата била подпишана од Тодор Александров,Александар Протгеров,Димитар Влахов и Петар Чаулев.

Сакајќи да го оствари неговиот сон за сплотување на сите македонски револуционерени сили во единствен револуционерен фронт Тодор Александров кој во тој период бил во Лондон преку полномошно го потпишал Мајскиот манифест на 6 мај 1924 година.Во манифестот било истакнато дека ВМРО ја прифаќа моралната и материјалан подршка од СССР и дека ВМРО ќе се стреми да ги обедини сите македонски револуционерни сили и левата и десната и федералистите и автономистите во единствен револуционерен фронт со една единствена цел обединување на распарчена Македонија во една неделива самостојна држава.

Мајскиот манифест представувал големо изненадување за бугарскта влада на Александар Цанков.Целиот гнев бил истурен врз Тодор Александров.Во Горна Џумаја бугарската влада испратила 30 камиони со владини луѓе војска и полиција,а била испратена и потерница по Тодор Александров.Александров бил обземен со мрачни чувства, тој бил свесен дека со својот потпис на Мајскиот манифест ја подпишал својата смрт.Неговиот потпис на Мајскиот манифест представувал саможртва за обединување на разделеното македонско револуционерно движење.Под силни притисоци од бугарските власти но и стравувајќи ВМРО да не западни во целосна контрола на Коминтерната и СССР,со што би се извршила нејзина билшевизација,Алексадров го подвлекува својот потпис од манифестот.Тодор Александров влегол во директен судир и со владата на Алекандар Цанков,со кој и предходно имал недоразбирања и барал целосна слобода во дејсвувањето на ВМРО во борбата за Независна Македонска држава.Така бугарските владеачки фактори вознемирени и уплашени од преголемата моќ на Тодор Александров го организирале неговото убиство.Ликвидацијата врз Александров ја извршиле поранешни членови на организацијата Штерју Валхов и Динчо Вретенаров кој преминале во палтеништво на бугарските власти.

Тодор Александров бил ликвидиран на 31 август 1924 гидина во местото викано Трите реки во близина на селото Сугарево на Пирин планина.До ден денес сеуште историската наука нема точно потврдено кој е нарачател на убиството на Александров,дали бугарската влада,дали БКП,дали Коминтерната или некои други сили,меѓутоа најверојатна е предпоставката дека зад неговот убиство стои бугарскта влада и бугарските офицерски кругови.Убиството на Тодор Александров представувало голем удар за ВМРО и за целото македонско национално ослободително движење.
“Последниот крал на планините,”македонскиот Робин Худ” така Александров бил опишуван во лондонските и париските весници.Тодор Александров по неговата смрт е едниствениот македонски револуционер кој од македонскиот народ во Пиринско и Малешевијата е прогласен за -светец со пушка.
Тодор Александров е духот на македонската борба-неговиот дух крстосува низ македонскта земја од Пирин до Шара,од Шара до Прохор Пчински,од Прохор Пчински до Солун.Неговиот дух тлее во секое вистинско македонско срце се бунтова и постепено ќе еволуира во револуција против сите оние кои денес газат на македонското национално достоинство.

Господ да ја прости душата на Тодор Александров и нека биде вечна неговата слава и славата на сите македонски херои кои ги положија своите животи за македонската кауза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This