НА ДЕНЕШЕН ДЕН НИЗ ИСТОРИЈАТА: Аполо 15 слета на Месечината, денес е роден Хенри Форд, на денешен ден почина Ото Фон Бизмарк

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За нашите читатели и љубобитни очи од денес редакцијата на Инфомакс ќе ве информира за настаните и случувањата на денешен ден низ историјата и времето.

Историски, спортски, филмски, модни и култирни настани кои го одбележале човечкото битие и неговото постоење, секој ден во рубриката под наслов „На денешен ден низ историјата“.

 

Меѓу познатите настани кои го одбележале овој ден

Во Џемстаун, во Вирџинија, далечната 1619 година,  се одржало првото колонијално преставничко Собрание. Вирџинија е инаку прв населен град во Америка, од страна на англиски доселеници во 1607.

Астронаутите на „Аполо 15“, Дејвид Скот и Џејмс Ирвин се спуштија на Месечината во 1971 година.

Турција, Грција и Велика Британија потпишаа спогодба за прекин на огнот на Кипар во 1974 година.

 

На 30 јули, низ историјата родени се:

Хенри Форд (1863) производител и конструктор на автомобили.
Миодраг Здравковиќ (1927) спикер на РТС Телевизија.
Питер Богданович (1939) американски филмски режисер.
Арнолд Шварценегер (1947) американски глумец и политичар.
Габриеле Салваторес (1950) италијански режисер и сценограф.

Кејт Буш (1958) англиска музичарка и пејачка.
Јирген Клинсман (1964) германски фудбалер.
Кристофер Нолан (1970) британско-американски филмски режисер.
Андре Гомеш (1993) португалски фудбалер.
Филип Пајовиќ (1993) српски голман.

Починале

Бенедикт I (579 година) римски папа.
Томас Греј (1771)  англиски поет.
Ото фон Бизмарк (1898) пруски државник и обединител на Германија.
Муцухито (1912) цар на Јапонија.
Џуничиро Танизаки (1965) јапонски писател.

Клодет Колбер (1996) ѕвезда на Холивудските комедии.
Ингмар Бергман (2007) шведски филмски и театарски режисер и сценарист.
Лаки Томпсон (2005) американски џез-музичар, во 2005 година.
Микеланџело Антониони (2007) италијански режисер.
Злата Бартл (2008) позната како Тета Вегета, творец на истоимениот зачин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This