На денешната владина седница ќе се одлучува за разрешувањето на Лазе Велковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали Лазе Велковски, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), ќе биде разрешен ќе биде познато денеска, бидејќи на владина седница ќе се разгледа предлогот за разрешување кој беше поднесен од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако се утврди дека со службеното полициско возило била превезувана неговата ќерка и тоа во Грција.

Иако Велковски сѐ уште не е разрешен, во јавноста веќе се шпекулира и кој би можел да го наследи. Kако сериозен кандидат за ова место се посочува Зоран Јовановски-Челик, кој од лани е во пензија, а целиот работен век го поминал во безбедносните служби. Како можен прв човек на БЈБ се споменува и Кире Митиќ, кој за време на техничката влада се испроба на позицијата началник на Одделението за организиран криминал.

Како што вчера истакна Зоран Заев, Велковски и да биде разрешен ќе остане да работи во МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This