На иницијатива на Путин: Прв телефонски разговор помеѓу Бајден и рускиот претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот руски колега Владимир Путин, првпат по изборот на Бајден одржаа телефонски разговор. Од Белата куќа изјавија дека разговорот бил по иницијатива на руската страна.

–Владимир Путин му честиташе на Џозеф Бајден со почетокот на работата во својство на претседател на САД. Истакна дека нормализацијата на односите меѓу Русија и САД би била од интерес на двете земји и со оглед на нивната одговорност за оддржување на безбедноста и стабилноста во светот, тоа би било од интерес и на меѓународната заедница, се вели во денешното соопштение од Кремљ.

Главни теми на разговорот биле повлекувањето на САД од Договорот за отворено небо, проблемите со Заедничкиот продлабочен план за акција (нулеарниот договор со Иран), регулирање на конфликтот во Украина, борбата со Ковид-19.

Двајцата лидери, исто така, разговарале и за Договорот за ограничување на стратешкото нуклеарно вооружување.

–Во најскоро време, двете страни ќе ги завршат неопходните процедури за натамошно функционирање на тој важен меѓународно-правен механизам за заемно ограничување на ракетно-нуклеарните арсенали, се прецизира во соопштениеот на Кремљ. Договорот истекува на 5 февруари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This