На интелигентните луѓе потешко им е да бидат во љубовна врска: Дали самите се доволни за себе?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Интелектот е сила, но во љубовните врски многу одмогнува“ – објаснуваат научниците. Интелектуализацијата или претераното размислување штетно е за односот затоа што тогаш многу потешко емоционално се поврзувате со другата личност.

Интелектуализацијата е поим во психологијата и означува одбранбен механизам кој интелигентните луѓе несвесно го користат за да не бидат повредени. Во контекст на романтична врска таквото однеснување е дестриктивно. Таквите луѓе несвесно ги блокираат длабоките емоции и се штитат од чувствата без кои врската не може да функционира.

Емпатијата и одговорноста се клуч за врската
Експертите објасниле дека две компоненти помагаат во одржување на емоционалната блискост во врската. Првиот обид е сфаќање на перспективата на партнерот или емпатија. Луѓето кои сакаат да имаат квалитетна врска се обидуваат да разберат како се чувствува партнерот. Другата важна работа во квалитетната врска е одговорноста, способност за спознавање на сопствени грешки и признавање дека прават нешто лошо.

Интелигентните луѓе често имаат проблем со егото што исто така ја нарушува врската. Потешко ја признаваат вината, им треба подолг временски период да се покаат и да се поправат. Помалку толерираат па затоа имаат проблем со одржување блискост во врските.

Игнорирање на чувствата и потребите на партнерот
Знаењето дека проблемот кај партнерот е интелектот е факт што тој не може да сфати како ситуацијата игледа од другата страна и со тоа несвесно ја намалува можноста за меѓусебно разбирање.

Интелигентните луѓе со висок одбранбен механизам ретко даваат можност да се изјасни партнерот како се чувствува. Во текот на конфликт кај нив се губат емоциите и затоа не можат да бидат емпатични.

Врската се гради на емоции
Доколку во емотивните врски ве кочи интелектот, психологите тврдат дека прво треба да бидете свесни за својот проблем. Кога сте свесни тогаш треба да пробате да го смените погледот на врската и однесувањето. Освен што рамислувате со главата во текот на конфликтот треба да ја земете предвид и емоцијата за да почувствувате емпатија.

Психолозите тврдат дека само на тој начин може да ја разберете и другата страна односно да се ставите во кожата на партнерот и понекогаш да престанете премногу да ги анализирате неговите грешки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This