НА ИСТИОТ ДЕН НА ПУЧОТ, МАРИНЦИ ВЕЖБАА ОДБРАНА НА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА БЕЈЛИ: Светските портали пишуваат дека Амбасадата на САД го координирала пучот?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што информира порталот за геостратешки анализи геополитика.ру, амбасадата на САД во Скопје била добро информирана за завчерашните инциденти во Собранието, и додава дека не е исклучена можноста токму од таму да доаѓале инструкциите за сценариото. Дополнително, истакнуваат дека не се случајни ниту безбедносните вежби на Амбасадата кои се одржале во резиденцијата на Џес Бејли на Водно, каде што беа вклучени и маринци, а се случи три часа пред државниот удар

rezidencija

За вежбата која се одржа пред резиденцијата во која живее Бејли на Водно, пишуваше и екс-помошник министерот за внатрешни работи Наталија Ивчева уште пред да започне сценариото, поставувајќи сомнеж дека се спрема насилство за истиот ден.

Американската амбасада не трошеше време да го признае „новиот“ парламентарен спикер Талат Џафери, иако неговиот избор ги прекршува сите Парламентарни процедури. Карл Билт исто така не губеше време, утрината на 28 Април, повикувајќи ја ЕУ исто така да го признае Џафери.

Одбивањето на опозициските партии на Заев и албаските да присуствуваат на лидерската средба на која повика претседателот Иванов, може да се интерпретира во смисла дека немале доволно време да се консултираат или да добијат инструкции од нивните западни газди, или можеби имаат намера да ја продлабочат политичката криза – оставката на министерот за внатрешни работи исто така ја потврдува оваа теза.

Некои Македонски аналитичари, додадоа дека средбата на Јоханес Хан и Џорџ Сорос се поврзани со случувањата во Скопје. Исто така додаваат дека планот на Заев и Албанците е да направат жртви од себе. Македонските аналитичари очекуваат дека странското влијание и мешање нема да исчезне и дека ќе ги организираат нивните следбеници (платеници на Сорос и збунети луѓе) да изведат различен вид на активности во нивна корист, се додека Македонскиот народ не ја прифаќа Тиранската платофрма и западните кандидати за Влада и Парламент – пишува порталот.

Исто така е добро познато, дека Зоран Заев призна на ТВ интервју, дека тој го инструирал неговиот телохранител да пука во воздух со цел да предизвика уште поголеми инциденти во парламентарната зграда.

Ситуацијата во Македонија сеуште е тензична и не ветува смирување или решение, освен ако не е по теркот на Сорос, НАТО, ЕУ и САД.

Фото:
Google Earth

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This