НА КОГО ДА ВЕРУВАМЕ?: Османи не сака да го прати законот за јазици во Венецијанската комисија, Заев тврди дека е испратен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали законот за јазици ја раскара владејачката гарнитура? Откако вчера вицепремиерот Бујар Османи изјави дека нема потреба законот за јазици да се испрати во Венецијанската комисија, денеска премиерот Заев откри дека веќе законот е испратен на разгледување.

„Законот за јазици денеска е испратен до Венецијанската комисија, заедно со двете алтернативни одредби и се очекуваа Комисијата во регуларен период да ги даде своите сугестии, кои потоа ќе бидат вградени во текстот.“

Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога очекува Комисијата да се произнесе по законот и дали постои волја препораките да се имплементираат во законот.

– Како и што пред повеќе од една година, кога почна дебатата за законот за јазиците, ги прифативме сугестиите за да ги отстраниме резервите на кој било граѓанин, така и сега велиме дека по изгласувањето, објавувањето и испраќањето на законот и по укажувањето на Венецијанската комисија, секое укажување ќе биде вградено, рече Заев.

Вчера пак, вицепремиерот Бујар Османи изјави дека смета дека нема смисла да се испраќа Законот за јазиците на оценка во Венецијанската комисија, додека таму претставник на Македонија е професорката Тања Каракамишева.

Според Османи, тоа е пречка бидејќи Каракамишева влијаела на другите членови и тие не можеле објективно да одлучуваат за одредбите на Законот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This