НА КОГО МУ ПРЕЧАТ ПРАВОСЛАВНИТЕ ГРОБИШТА ВО ЉУБОТЕН: Спасовски должи одговори, наместо да дефокусира со невистини по порталите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деjан Митровски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека е срамно и недолично Оливер Спасовски наместо да ја работи работата за која што е платен со пари од граѓаните, да се фокусира на лиферување на невистините информации преку порталите.

– Не, господине Спасовски! Никој од ВМРО ДПМНЕ ниту го нарачал, ниту учествувал во сквернавењето на гробиштата. Пренесете им го тоа на вашите блиски портали. Самата помисла на вакво нешто покажува колку монструозно и извитоперено размислувате Вие и сајтовите под ваша контрола. ВМРО-ДПМНЕ бара Оливер Спасовски наместо со срамен политички ПР да се зафати со вистинската работа и да ги открие сторителите на подмолниот вандалски чин во кој беа осквернавени 30-тина православни гробови во Љуботен, рече Митровски.

Според него, граѓаните се повеќе се вознемирени и очекуваат одговор на прашањето кому му пречат православните гробишта во селото. Како што кажа Митровски, со секој изминат ден се зголемува сомнежот дека сторителот на тој чин е заштитен од некого.

– Доколку полицијата предводена од Оливер Спасовски нема капацитет да ги открие сторителите на едно вакво дело и доколку полицијата не може да го гарантира мирот и безбедноста на жителите на Љуботен, тогаш прашање е за што е способна?, запраша Митровски.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This