НА КОЛЕНА ПРЕД АХМЕТИ: Заев моли во ДУИ за можност да ја прифати платформата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единствениот услов кој го поставија претставниците на малцинството во Македонија, а тоа е прифаќањето на платформата составена под покровителство на Еди Рама, а под туторство на сега екс-директорот на ЦИА, на состанокот помеѓу Зоран Заев и Јоханес Хан бил афирмативно дискутиран

 

440155-zaev-ja-realizira-dvojazichnosta-albanskiot-i-oficijalno-vo-sdsm-640x426

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ќе му ги достави писмените материјали за преговорите на Али Ахмети, за што побрзо да ги добие потписите од пратениците на ДУИ. Ова беше условот што Ахмети му го постави на Заев, на денешните средби со еврокомесарот Јоханес Хан.

-Ќе ги дадеме материјалите на ДУИ, ќе сториме сè да се заврши процесот на собирање на потписи за формирање Влада. Но, сакам да потсетам дека кога преговараше со ВМРО-ДПМНЕ, тој на Груевски ништо не му побара на писмено- изјави Заев.

Оваа платформа беше пречката која застана помеѓу договорот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за формирање на нова Влада, откако победничката партија на изборите на 11-ти декември го одби предлогот на ДУИ за влада која ќе ги прифати овие услови.

Предавничката стратегија на СДСМ и Заев, во текот на изминатите две години беше активно финансиски и логистички поддржана од неколку странски амбасади на чело со онаа на САД, а значителна помош доби и од албанската дијаспора, која стои и како финансиер на конгресменот Дана Рорабакер кој пред неколку дена се произнесе дека „Македонија не е држава – жалам. Треба да се подели помеѓу Косово, Албанија и Бугарија“.

Од друга страна пак, лидерот во оставка на ДПА Мендух Тачи денес изјави дека, платформата е измислица на ДУИ и дека заедно со ВМРО-ДПМНЕ веќе имаат договорено Владина коалиција која ќе биде поддржана и од Алијансата на Албанците на Зијадин Села.

Зоран Заев практично моли да добие шанса од ДУИ да ја прифати платформата, а згора на тоа и да ги прифати дополнителните барања, откако Мендух Тачи објави дека всушност ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе се договорени за Владина коалиција, а ќе ги поддржи и Зијадин Села.

Она за што Заев моли во ДУИ да го прифати е платформата на малцинското население во земјава, во која се бара од идната влада да воведе двојазичност на целата територија, „двовалентни“ општини или поедноставено – кантонизација, но и ослободување на терористите од „Диво Насеље“, Бродец, „Монструм“ како и отворање на дебата за промена на знамето, химната, грбот и Уставот на државата.

 

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This