НА КОНГРЕСОТ НЕ ОДИ И ИЛИЈА ДИМОВСКИ: Поради принципиелни разлики Илија Димовски одлучи да не присуствува на Конгресот во Валандово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски преку Фејсбук најави дека нема да оди во Валандово каде денес и утре партијата бира нов лидер.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Со жалење ги информирам делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да присуствувам на Конгресот затоа што раководните лица и органи во партијата не создадоа и не овозможија услови за демократски Конгрес кој реално ќе ја отслика вољата на членовите.

Овој Конгрес не го носи со себе легитимитетот на широкото и големо членство на ВМРО-ДПМНЕ. Има политички дефицит и јасни одрази на креирање на состојба на формален избор на веќе одлучено решение, без вклученост на нашите местни и општински комитети, ветераните и сите членови на партијата.

Моите забелешки не се од персонални причини, туку станува збор за принципиелни и концептуални разлики.

ВМРО-ДПМНЕ беше првата политичка партија која во Македонија ја промовираше идејата за демократија, слобода и плурализам. Така мора да биде и сега.

ВМРО-ДПМНЕ беше предводникот на патриотските, прогресивните и граѓанските сили кои се бореа за силна, демократска и европска Македонија. Така мора да биде и сега.

ВМРО-ДПМНЕ беше партија во која членовите видоа алтернатива на комунизмот, едноумието и анационалните структури од минатото.

На ВМРО-ДПМНЕ му е потребен нов концепт на отвореност, транспарентност и демократија. Партијата мора да ги обнови и создаде старите партнерства и мора да биде прифатена како сериозна и единствена алтернатива на лошата и неуспешна власт на СДСМ.

Но, ВМРО-ДПМНЕ тоа може да го покаже само низ сопствен пример на прифаќање на некои свои грешки и пропусти, нивно исправање и силна енергија која ќе покаже дека и членовите и граѓаните, без разлика на нивната етничка и верска припадност, ќе може да прифатат дека ВМРО-ДПМНЕ е столбот врз кој може да се гради демократија, слобода, економски напредок и здрава и силна држава.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото направи многу добри проекти во економијата, инфраструктурата, земјоделието, социјалните права на граѓаните, за Армијата, за младите, за претприемачите и пензионерите. Затоа не смее да покажува знаци на демократски дефицит и знаци на неспремност за прифаќање на различно мислење и во рамките на себе и надвор од своите структури.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го надмине и овој период на внатрешни потреси и повторно ќе биде силна партија.

ВМРО-ДПМНЕ мора да остане единствена затоа што и е потребна на Македонија. Останувам дел од партијата за да помогнам во тоа. Останувам посветен на нашата идеја, борба и идеологија, онака како што најдобро знам, со целиот свој капацитет.

На ВМРО-ДПМНЕ му е потребно единство низ заеднички и широко прифатени одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ е завет, наследство и верба во подобра иднина за Македонија и сите нејзини граѓани. Таа била и ќе остане столбот на идејата за Македонија. – напиша Димовски на својот ФБ профил.

[/kopa_block_quote]

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This