April 23, 2024, 11:04 pm

На Криволак згуснат распоред – Завршува уништување на експлозивни средства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 16,19 и 23-ти овој месец завршува операцијата на Дирекцијата за заштита и спасување за целосно уништување на сите минско-експлозивни и убојни средства пронајдени последните шест месеци ширум нашата земја. Најголем број од нив, над 7.000, се откриени кај градскиот стадион во Битола, а 300 убојни средства се откриени кај село Франгово, Струшко.

Како што информираат од ДЗС, последното уништување на минско-експлозивните и убојни средства ќе  биде извршено на воениот полигон Криволак, со што ќе се заокружи оваа операција започната во месец декември, кога, исто така, во три наврати се изведе вакво уништување и еднаш на 5-ти февруари.

Како што велат оттаму, целата операција ќе протекне под буден надзор на првите луѓе од Дирекцијата за заштита и спасување, АРМ и МВР, како и гости кои редовно присуствуваат на овие уништувања.

За да биде безбедно уништувањето на овие средства, сите учесници на самиот чин ќе бидат оддалечени околу два километри од местото на контролираната експлозија, како и сите гости и набљудувачи присутни на овој чин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This