НА ЛАГATA И СЕ КРАТКИ НОЗЕТЕ: Заев веќе не зборува за „датум за преговори“, туку за „јасен сигнал“ од ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јасен сигнал од ЕУ за почеток на преговори со нашата земја ќе има позитивен импакт за Западен Балкан и ќе ги обесхрабри сите непocакувани влијанија во регионот, рекол Зоран Заев на предавањето и јавна дебата во организација на ИФИМЕС во Љубљана, на која учествуваше во рамки на дводневната официјална посета на Република Словенија.

ИФИМЕС инаку е наводна невладина организација која го поддржуваше Заев во спроведување на пyчooт во Македонија и неговото доаѓање на власт со цел да го смени името на државата.

Тој притоа посочил дека Владата успеала за само 22 месеци да ја возобнови демократијата, бидејќи, како што рече, само пред три години бевме декларирани како зapoбена земја, со хибpидeн peжим.

-Денеска имаме инклузивен дијалог со опозицијата за сите важни политички прашања, рекол Заев на предавањето во организација на Меѓународниот институт за балкански и средно-европски студии ИФИМЕС на која се зборуваше на тема „Република Македонија приказна за успехот“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This