НА ЛЕВИЦА ИМ ЈА ВРАТИЛЕ ЛИСТАТА ВО ЃОРЧЕ ОТИ ИМАЛЕ МНОГУ ЖЕНИ ЗА СОВЕТНИЧКИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Левица не им ја прифатиле листата за советници за Општина Ѓорче Петров оти на неа имало поголем број жени од предвидениот процент, односно немало доволно мажи.

„Ни ја вратија листата за Ѓорче Петров затоа што на неа имало повеќе жени. Ех, што ти се изборни правила во Македонија. Очигледно имаме повеќе жени на листата од тоа што требало. Мислам дека се работи за една жена повеќе. Па сега ќе треба да замениме една жена со еден маж на листата. Цела среќа што имаме човек со документи во резерва, инаку ќе ни ја паднеа листата“, напиша на својот фејсбук профил членот на Левица Здравко Савевски.

Од Државната изборна комисија (ДИК) велат дека на листите за совети треба да има најмалку 40 отсто застапеност на мажи или на жени. Во случајот со Левица, на нивната листа немало доволен број мажи, па затоа им била вратена.

„Даден им е рок до утре на полноќ да направат измени во листата, односно во овој случај една жена да отпадне и да најзино место да стават маж како кандидат за советник“, вели Љупка Гугучевска портпарол на ДИК.

Според Изборниот законик, најмалку 40% од кандидатите му припаѓаат на помалку застапениот пол, и тоа: на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол и дополнително уште најмалку по едно место на секои десет места.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This