НА ЛИЦЕ СВЕТЦИ, ВО СРЦЕ ВОЛЦИ: Пратеничката Затуроска „распали“ по самопрогласениот патриот од дијаспората Мето Коловски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска преку статус на својот Фејсбук профил го обвини, како што пишува, самопрогласениот „патриот“ Мето Коловски, организација ОМД, за неколку работи.

zaturoska-liljana-420x240

-Самопрогласениот „патриот“ Коловски преку неговата интернет организација ОМД која според многумина упатени не е ништо друго, освен средство за остварување на приватни интереси и сфери на влијание повторно се јави со калкулантско соопштение во стилот „ни риба ни девојка“ а зад тоа криејќи друг вид на лукративни интереси.

Овој човек кој исклучиво на интернет декларативно се бори преку соопштенија за некакви интереси на државата, нема ниту македонско државјанство, а сака да се преставува за патриот. Нема да зборам за илјадниците долари кои што неговата приватна организација ги инкасирала на свое конто со приказната за некаква патриотска битка од која никој не видел ефекти, и преку која само се злупотребува македонската дијаспора, би поставила прашање, со што покажа Коловски дека е патриот? Со тоа што е дајлинско во рацете на други влади, и редовно пишува соопштенија какви посакуваат други фактори, редовно бара да се запрат преговорите за името, а во исто време бара од владата да ја внесе државата во НАТО и ЕУ иако и тој добро знае дека главен услов е токму промената на името и идентитетот за што само наводно се бори Коловски.

Тој е можеби единствениот предводик на организација од дијаспората која ја организарала протести пред абасадата на државата од која потекнува. И што има тука од патриотизам. Ништо. Човекот кој што сам пишува и пушта соопштенија има за задача како што вели нашиот народ како пијавица да се довлечка до некој богат спонзор и преку превезот на наводен декларативен патиот да си обезбеди за себе си пари за функционирање.

Впрочем видете ги финансиските извештаи на самата организација за која пишуваа медиумите, а се полни со сомневања за злоупотреби. Пијавицата Коловски се повеќе работи според принципите кој одговараат на стиховите напишани од големиот Прличев „на лице светци, во срце волци“!, стои во фејсбук статусот на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Затуровска.

liljana

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This