April 26, 2024, 11:18 am

НА МАКЕДОНИЈА И ГО ПРОМЕНИЈА ИМЕТО: Во Албанија ги штитат имотите на грчкото малцинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прашањето за имотите на припадниците на грчкото малцинство во Албанија било тема на дискусија во Брисел – јави агенцијата Балкан веб. Грчкиот европратеник, Костас Хрисогонос побарал неколку одговори за она што тој го нарекува „кpaжба на земјиштето сопственост на грчкото малцинство од страна на албанската Влада“.

Според грчкиот европратеник, ова е тешка повреда на правата на малцинството што е во спротивност со Европската конвенција за човекови права и се подготвува прашањето да го достави до Европскиот суд во Стразбур.

Одговор добил од Комесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, кој му рекол дека „Европската Комисија му придава големо значење на правото на сопственост и владеењето на правото за решавање на имотните спорови низ цела Албанија”.

Тој посочил дека во својот годишен извештај за Албанија, објавен на 17 април 2018 година, Комисијата наведува дека земјата се уште не забележала напредок во подобрувањето на правната рамка за регистрација, денацоналзација и обештетување за имот.

– Комисијата е свесна за загриженоста на грчкото малцинство во Албанија во врска со почитувањето на правото на сопственост и внимателно, одблиску, го следи развојот на настаните по ова прашање. Исто така, со оглед на комплексноста и важноста на прашањето за имотните права, Комисијата обезбедува финансиска и техничка помош во земјата за да ги реши недостатоците во оваа област – нагласи комесарот Хан.

Припадниците на грчкото малцинство кои се конценрирани главно во јужниот дел на земјата, покрај крајбрежјето, обвинуваат дека Владата им ги узурпира имотите за да на нив гради хотелски капацитети или да ги доделува на свои блиски, пред се’ во Химара.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This