April 16, 2024, 11:04 pm

НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МУ Е СКРШЕНА КИЧМАТА: Ќе треба време додека овој народ научи како се чува државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата средба по седум години на шефовите на македонската и грчката влада во Давос резултираше со одлука на премиерот на Македонија Зоран Заев да го преименува аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, како и автопатот во земјата

Заев истакна дека тој и Ципрас чувствуваат одговорност да го решат повеќедеценискиот спор околу името Македонија и до крајното решение да се стигне со обострано „национално достоинство“.

Историчарот Чедомир Антиќ за Спутник вели дека е извесно дека владата на Зоран Заев во овој момент има поддршка од САД, како и доволна стабилност да врши одредени отстапки.

„Заев на власт дојде со една програма која не е видена на Балканот од Втората светска војна, а која претставува комбинација на национализам и отстапки. Неговата партија СДСМ има став дека тие се државотворна партија, па тие сами по себе, можат да си ги дозволат таквите отстапки. Заев под исклучително сомнителни околности триумфираше на локалните избори и сега се обидува да стекне некој политички поен – од една страна да ја спроведе тиранската платформа и се обидува албанскиот јазик да го направи втор официјален јазик во Македонија, а од друга страна се обдиува да направи договор со Грците. Меѓутоа, гледаме дека тој договор многу тешко ќе биде компромис на двете страни бидејќи е очигледен диктатот на Америка, кој го наметнуваше Хојт Ји, а кога станува збор за Албанците во Македонија, го наметнуваат не само нивните лидери во земјата, туку и претставници од Косово и Албанија, кои очигледно имаат одредени интереси и јавно ги искажуваат“, оценува Антиќ.

Како што вели, на демонстрациите ширум Грција до Македонија е испратена јасна порака.

„Нема збор за компромис, дека тоа ќе биде некоја Нова Македонија или Северна Македонија, бидејќи се зборува за тоа дека и самиот назив Македонија не може да биде употребен. Тоа навистина е претерување и Грција сега се обидува, по примерот на Германија и САД пред 20 или 30 години, да ги извезе своите проблеми, економски и политички, на остатокот на Балканот. Тоа е недопустливо бидејќи е потполно бесмислено да се наметнува назив како Централнобалканска Република на еден народ кој има право на своја држава и која се обидува да изгради дмеократија која е под удар на партијата на Заев која не е демократска. Меѓутоа, верувам дека под притисок на големите сили, бидејќи и Грција се покажа доста неотпорна на притисоци ќе биде постигнат компромис кој само ќе го усложни проблемите во Македонија“, смета Антиќ.

Дека Македонија и Грција тешко ќе дојдат до компромис смета и политикологот од Скопје Александар Даштевски. Според неговото мислење, премиерот Ципрас исто така е спремен на отстапки и склон на тоа како ново име за Македонија да прифати еден од предлозите на посредниците на ОН во преговорите помеѓу двете држави, но тешко дека ќе добие поддршка од црквата, коалиционите партнери и грчкиот народ бидејќи сите предлози за ново име го содржат зборот „Македонија.

Кога станува збор за тоа во која мерка е Скопје спремно на отстапки, Даштевски оценува дека одлуката на Заев да го промени името на аеродромот и автопатот во Макдеонија е координирана со меѓународната заедница. Истата ситуација е, како што вели, и во ситуацијата со промената на државното име.

„Заев тоа сигурно не може сам да го направи, тоа никој не би можел сам да го направи, а крајната цел е, како што тоа го кажа министерот за надворешни работи на Русија, не да и се помогне на земјата, туку поради влез на Македонија во НАТО. Ако дојде до промена на името и Македонија добие покана за прием во НАТО, Заев ќе ги подобри своите позиции во странство. Меѓутоа, клима во Грција по прашање на овие преговори нема“, напоменува Даштевски.

Тој додава дека во сабота кај Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ќе биде организирана средба на која, покрај Зоран Заев ќе се најде и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и најголемата албанска партија ДУИ Али Ахмети, за да се разговара за позициите на Македонија во преговорите со Атина.

На прашањето каква реакција може да се очекува од Македонците кога станува збор за промена на името на автопатот, па по истиот терк и името на државата, историчарот Чедомир Антиќ вели дека е уверен дека во Македонија помина времето за одбрана.

„Кога народот онака гласаше по кршењето на духот на Охридскиот договор и кога албанското национално малцинство почна да одредува кој ќе владее во Македонија, која не беше во состојба да си дозволи со кого ќе коалицира, мислам дека е јасно дека на македонскиот народ му е скршена кичмата и тоа се покажа на локалните избори. Ќе треба време тој народ да дојде на себе, да научи да ја држи својата судбина во свои раце и на еден политички аватнурист како Зоран Заев да не му ја дава судбината на земјата“, порачува Антиќ.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This