НА МЕСЕЧИНАТА ИМА ВОДА: Научниците на НАСА откриваат дека водата на Месечината би можела да се користи и како вода за пиење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вода на месечината најверојатно има во текот на целиот циклус на лунарниот ден, според најновата анализа на две лунарни мисии. Доказите се контрадикторни со претходните истражувања кои покажуваа дека водата се наоѓа во неколку затворени региони зависно од лунарните денови

„Откривме дека без разлика на тоа во кој дел од денот или на која висина ќе погледнеме, сигналот индицира дека водата е постојано присутна“, вели Џошуа Бандфилд, виш истражувач во Институтот за вселенско истражување во Колорадо, и водечки автор на новата студија објавена во „Nature Geoscience“.

„Присуството на вода по се изгледа не зависи од композицијата на површината, и водата се задржува“, додава тој. Резултатите, се надеваат научниците, ќе откријат повеќе за тоа од каде доаѓа водата на месечината како и дали може да се користи како ресурс.

Сеуште не е јасно колку е достапна оваа вода, но ако е лесно достапна би можела да се користи како вода за пиење за идните истражувачи или да се конвертира во ракетно гориво, велат од НАСА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This