(Видео) На ниту една седница на Влада до изборите не се разговарало за почеток на школската година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во гостувањето во телевизија Алфа со јавноста сподели идстражување на БИРН според кое на ниту една седница до предвремените парламентарни избори Владата на Република Македонија не дискутирала за почеток на новата школска година. Според него ова е доволен показател за грижата која СДСМ ја води за образованието и образовниот процес.

-На нив од ПР аспект им одговара сите ние да се занимаваме со образованието и короната или со тепањето на луѓе. Ако тие серизно размислувале како ќе почне школската година, тие би направиле план уште во февруари, во март, во јуни. Последните 4 месеци, односно додека траеше техничката Влада имаше истражување на колегите од Бирн кое што вели дека тие немале воопшто седница на која што се дискутирало за план како ќе почне школската година. Тие воопшто не дискутирале за тоа, Владата не се занимавала со такво прашање. ТИе се занимаваа како ќе почне школската година во последните 3 недели пред почетокот на школската година. На диво. Купи ден продај. Септември пропадна бидејќи тогаш се договараа и сега почнуваме со платформа која не е на МОН туку тие рентаат платформа на Мајкрософт. И кога Мајкрософт има проблеми во цел свет имаме ние, затоа што тоа не е наше и не го контролираме, вели Митовски.

Уредникот на Инфомакс ја коментираше и изјавата на Заев во која тој бара помош од стопанствениците за да може државата да функционира и ги посочи сите непродуктивни трошење на Владата.

-750 лаптопи можат да се купат за парите кои што се дадени за ќерката на Димитров која студира во Холандија и имаме уште 113 илјади долари за синот на Локвенец кој студира на Харвард. Тие две транши се 750 лаптопи. Но има една друга транша која вели дека 900 милиони денари се дадени сега, 16 милиони евра за лиценцирање на софтвер затоа што Стејт департментот, нели НАТО им забележа дека компјутерите во македонската администрација се без лиценциран софтвер и затоа што НАТО им рекло, а овие со НАТО треба да имаат добри односи, даваат 900 милиони евра за лиценцирање на софтвер или преведено во лаптопи тоа се 80 илјади од по 200 евра. Тоа се лаптопи за сите деца, за сите професори и уште 20 илјади фазла да си ги делат во кампања. Не ние сега ќе бараме пари од стопанаствениците за она што е должност на Владата. За што плаќаме ние даноци? Каде се парите, додава тој.

„ШТО НЕ Е ЈАСНО?“ со Љупчо Цветановски

Posted by Alfa Televizija on Thursday, October 1, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This