April 18, 2024, 11:30 pm

НА ПАРКИНГОТ НА „КОСМОС“ НЕМА ПРИЈАТЕЛСТВО: Десетина македонски возила викендов оштетени пред „Космос“ во Солун

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетина возила со македонски таблички викендов биле оштетени на паркингот пред шопинг центарот „Космос“ кој се наоѓа во близина на Солун.

Граѓани чии возила се оштетени за Скопје Инфо раскажуваат дека целта на оштетувањето било да се уништат сите обележја на автомобилот на кои видливо се гледа знакот Македонија.

Штетите на возилата се движат од 500 до неколку илјади евра, раскажуваат тие.

Оштетените граѓани штетата ја пријавиле во управата на „Космос“ од каде добиле повратен одговор дека тие не одговараат за возилата, бидејќи немале начин како да се грижат за безбедност и сигурноста на автомобилите кои биле оставени на паркингот. Штетата е пријавена и во МВР, но македонската полиција немала надлежност за ваков тип на оштетувања.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This