April 26, 2024, 10:35 am

НА ПОВИДОК МЕГА-СКАНДАЛ СО ШВЕРЦ НА ТУТУН: Шверцуван тутун од Албанија препродаван во Македонија по двојно повисоки цени и субвенции!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фармери – тутунари се пред откривање на голем швepцepcки пpcтeн од Албанија и Бугарија, откако самоорганизирано преку социјалните мрежи до нашата редакција испратија низа на информации во врска со кpимиaлнa трговија со тутун од Албанија, кој во Македонија се увезува деклариран како чај, а се препродава во откупните центри низ државава по двојно повисока цена, плус субвенци

 

Неколку шлепери со тутун влегле во Македонија, информираат фармери од битолско и прилепско. Не се сигурни кој го прошверцувал тутунот, но дознале дека истиот бил внесен во Македонија од Албанија со шлепери, кои во царинските декларации имале заведено дека транспортираат чај.

Увозната цена на тутунот од Албанија била 90 денари по килограм,  а шверцерите во Македонија го препродавале на откупните пунктови во Могила за двојно повисока цена, односно околу 180-200 денари од килограм. За оваа количина на тутун, тие добивале и субвенции од државата.

Фармерите додаваат дека освен од Албанија, слична шема се случува и со бугарски тутн, кој во Македонија се продава по дампинг цена, а одозгора препродавачите-шверцери добиваат и субвенции од државата по килограм предаден тутун.

Доколку ова се докаже како точно, загрижените фармери се на раб на откривање на огромна шверцерска организација, во која најверојатно се вклучени и лица вработени во Царинската управа, полицијата, Министерството за земјоделство и Агенцијата за финансирање на земјоделскиот и рурален развој. Скандал од вакви размери би значел дека од државниот буџет биле испумпувани десетици, ако не и стотици милиони евра државни пари на име субвенции, за тутун кој не е произведен во Македонија од македонски производител, туку спротивно на царинските правила бил ре-експортиран во Македонија по двојно помала цена, па продаван по двојно повисока.

На сето ова, шверцерите добивале и државни субвенции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This