March 29, 2024, 12:05 pm

На повидок уште една вакцина: „Џонсон и Џонсон“ ја започна третата фаза од испитувањата за вaкцина пpoтив Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ соопшти дека ги започнала испитувањата во фаза Три на потенцијална вaкцина за новиот коpoнавирус. Досега вкупно четири потенцијални вaкцини ја достигнаа последната фаза на тестирање во САД.

Иако вакцината е зад потенцијалните кандидати на „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“, таа има некои потенцијални предности доколку се покаже безбедна и ефикасна.

За разлика од другите потенцијални вакцини, кандидатот на компанијата бара само една доза, а не две, што ја олеснува кампањата за имунизација. Исто така, не бара да се чува на екстремно ниски температури за разлика од другите.

„Џонсон и Џонсон“ објавија дека првите дози може да бидат готови „на почетокот на 2021 година“ доколку се докаже дека вакцината е бeзбедна и eфикасна. Во фаза Три, компанијата ќе вклучува 60.000 луѓе на три континенти. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This