April 19, 2024, 10:05 pm

НА ПОЛНОЌ ЌЕ ИМАМЕ НОВА ВЛАДА: Трајко Вељаноски потврди дека до полноќ ќе биде познат составот за нова Влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс претседателот на Собранието Трајко Вељаноски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ откри дека до полноќ ќе биде познат составот на новата влада и мандатарот Груевски ќе ја исполни својата обврска. Повеќе детали Вељаноски за конкретниот договор за нова владина коалиција не откри, а во тек е состанокот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

trajjko

Претходно објаивме дека, според неофицијалните информации на Инфомакс.мк, претседателството на ДУИ веќе ја прифатило одлуката за владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а претседателот Али Ахмети имал обраќање до претседатеството на партијата пред кое ја образложувал одлуката.

Тој исто така апелирал до секретарите и претседателите на општинските ограноци на партијата, да не дозволат членството да потпадне под влијание на лица и пропаганда, да не излегуваат на протести и да не бидат искористувани од оние кои сакаат да предизвикаат нова криза

Информацијата дека веќе е донесена одлука за владина коалиција ја пренесе и Албански „Топ Ченел“, од каде што информираат дека во секој момент се очекува од ДУИ да излезат со официјално соопштение.

Сепак, како што дознаваме од партиски извори во ВМРО-ДПМНЕ, одлуката на ДУИ сеуште не значи и конечна потврда за формирање на Владина коалиција имајќи во предвид дека партиските тела на победничката партија како и манадатарот Никола Груевски би требало прво да ја разгледаат, а потоа и да одлучат дали ќе ја прифатат или не понудата од ДУИ.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This