НА ПОПИСОТ ЌЕ НЕМА НАЦИОНАЛНОСТ: А граѓаните ќе се попишуваат и без лична карта, односно со било каков документ на кој е напишан матичниот број?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без лична карта, односно со било каков документ на кој е напишан матичниот број! Ова заедно со бришењето на прашањата за етничката и религиозната припадност на граѓаните, треба да биде гаранција дека Пописот кој треба да се спроведе во 2020 година ќе заврши успешно. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во рамки на кампањата за најавениот попис објаснува дека клучно е дека во моментов не знаеме колкаво население има Македонија, каде е тоа население, каква  е неговата полова или образовна структура, додека за етничката и религиозната структура смета дека немале статистичка вредност туку само политичка. Најавува дека едно лице ќе може да дава податоци за сите останати кои живеат о неговиот дом.

-Лицето што ќе се затекне во домот при посетата на попишувачот, ќе може да даде податоци за себе, но и за другите лица што живеат во домот, малолетни или полнолетни, а кои во моментот не се присутни во домот. Нема да инсистираме на документ за идентификација, треба да има, но некаков документ од каде што може да го извлечеме матичниот број, бидејќи ако го имаме овој податок, тогаш лесно се наоѓа лицето во пописната база – објаснува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Добрите познавачи на оваа проблематика кои ги брифираше Алфа ставаат голем прашалник врз најавите за попишување со било каков документ кој го содржи матичниот број, бидејќи личната карта е основниот документ на секој граѓанин во една земја а нејзиното занемарување остава простор за сериозни манипулации и злоупотреби.

Симовски инсистира дека бришењето на етничката и религиозната графа засега е само предлог, со објаснување дека тие се некаков остаток од социјализмот, кој по инерција се влечел се до денеска. Прави паралела со други држави каде што тие или се или ќе бидат укинати. Експертите пак сметаат дека е многу чудно да се инсистира на исклучување на етничките информации во земја каде што според Рамковниот договор токму таа припадност е од клучно значење за нечии права. Велат и дека споредбата со држави како Франција или Турција не се многу умесни затоа, што во нив постои само една националност. Против попис без прашања за етничка и верска припадност се изјасни Бошњачкиот демократски сојуз кој смета дека во таков случај Бошњаците нема да имаат можност да ја изразат својата етничка и верска припадност а без реалната слика за демографската состојба етничките заедници не ќе можат да ги остваруваат своите етнички права. Претходно против попис без етничка припадност се изјаснија и дел од академиците во МАНУ, како и универзитетските професори според кои доколку пописот ја нема оваа клучна графа, Македонците нема да бидат забележани како посебен народ ниту во сопствената држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This