НА ПОТЕГ Е ШАМПИОНОТ: Вардаре, Македонија нема против нова ракометна еуфорија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ракометниот свет нема против да прослави еден нов историски бележник, кога една екипа првпат ја одбранила титулата во Лигата на шампионите, откако Ф4-турнирот во Келн е воведен. Затоа сите очи се вперени во Вардар, кој попладнево ќе тргне во последната „двочинка“ пред да ѝ се поклони на Европа втора година едноподруго.
На тренерите, на ракометарите ваквите бројки и статистичи предизвици не им значат ништо. Кога ќе излезат на паркетот, сѐ се сведува меѓу нив, противниците и топката. Нема да биде поразлично и денеска од 18 часот, кога Вардар ќе излезе против Монпелје, овој пат како бранител на пехарот и како фаворит.

Раул Гонзалес располага со здрава и комплетна екипа, која веќе има во своето програмирање искуство од ваков натпревар. Монпелје првпат се соочува со притисокот на еден Ф4, истовремено и со притисокот да направат нешто од оваа сезона откако сите три домашни пехари ги прокоцкаа.

Нивен адут ќе биде единството, тренерот Патрис Канаје, кој беше прогласен за најдобар оваа сезона, искусните поединци и фантастичниот Венсан Жерар на голот. Вардар има подобар квалитет еден на еден, веројатно, но за тоа ќе треба да се погрижат Борозан, Циндриќ, Дибиров…

Одбраната на Раул е веќе респектиран систем низ Европа и не е изненадување за противниците, но сѐ уште е ѓаволски тешко да се помине покрај Кањелјас или Дибиров во зоната 5-1. Дури и ако некој успее, како последна барикада го има најдобриот голман на денешницава – Арпад Штербик.

Едно е сигурно, ќе биде прекрасен натпревар, но ако сме искрени ќе признаеме дека убавината овој пат е во втор план зад резултатот. Македонија нема против да „поднесе“ уште една ракометна еуфорија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This