НА ПРАВ ПАТ СЕ, САМО ПОНЕКОГАШ ГAЗAT НА ДУПЛА ЛЕНТА: Се уште нeмa oдгoвopнocт за зaмeник-министерот за култура кој пpeдизвикa тeшкa cooбpaќајка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминува и петиот месец откако заменик министерот за култура, актерот Владимир Лазовски беше учесник во сообраќајна незгода во центарот на Скопје, пред Градската болница. Од она што можеше да се забележи од местото на настанот виновникот за несреќата и оној кој што направил сообраќаен пpeкршок вртејќи на две полни ленти е токму министерот Лазовски.

Лазовски во моментот на наесреќата уравуваше со службено возило марка Пежо во сопственост на министерството, а во него удри моторциклис. Моторциклистот со лесни телесни повреди беше однесен во Градската болница, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.

По несреќата, се огласи и самиот министер на својот Фејсбук профил и се изјаснил дека тој и мотоциклистот се добро  и нагласи дека надлежните органи извршиле увид и доколку се утврди негова вина ќе сноси одговорност:

-Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност.

Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас…

Posted by Vladimir Lazovski on Wednesday, May 29, 2019

И по четири месеци овој случај се уште нема правна разрешница, јавноста не знае кој е виновникот за сообраќајната несреќа иако од она што се гледа од фотографиите јасно е кој е причинителот на несреќата. Лазовски иако најави дека ќе понесе одговорност и покрај тоа што оштети државно возило и ја загрози безбедноста во сообраќајот тој не е променет од министерската позиција. Претходно неговиот колега актер, Драган Спасовски Дац кој беше исто така учесник во сообраќајна несреќа  веднаш даде оставка од позицијата В.Д. директот на Н.У. Македонски народен театар, но министерот не се одлуучи да тргне по стапките на својот колега.

Лазовски важи за многу близок до Зоран Заев и политички активен и во времето кога СДСМ беше во опозиција.

 

Инаку, владата е „На прав пат“. Супер е. Само понекогаш гази на дупла лента. Сигурно Груевски намерно ставил дупла лента баш кај што возел заменик-министерот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This