На протестите во Франција се роди љубов – се организираше венчавка помеѓу двајца припадници “жолтите елеци”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се запознале на протестите блиску источната Тарб, додека изразувале незадоволство поради најавите за поскапувањето на горивото, што на крајот предизвика голема политичка криза за владата на Макрон, а нивната приказна заврши со венчавка.

Во саботата на 8 декември, двајца припадници на “жолтите елеци” во придружба на уште 20 пријатели и познаници, припадниците на истото движење организирале венчавка, пренесува Ла Депеш.

На наплатните рампи кај Семек во Високите Пиренеи, помеѓу знамињата на движењето и божиќните дрвца поставени на патот, организирана беше и венчавка.

Невестата беше облечена во импровизиран жолт фустан, а главата ја прекри со вел и венче од жолто цвеќе. Нејзиниот избраник се одлучи за работнички жолти панталони и јакна со иста боја.

Пред 50 претставници од движењето и кумови, венчавката била предводена од лидерот на локалниот синдикат. Сите присутни носеле жолти елеци.

Сепак, за нивниот брак да биде успешен и легален, младоженците мора да застанат и пред вистински матичар.
Извор:tocka.com.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This