На пpoтестите во Берлин заради Koвид ограничувањата повpeдени се 45 полицajци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 45 полицајци се повредени за време на бранот демонстрации во текот на викендот во Берлин, вклучително и протести против ограничувањата наметнати заради коронавирусот, соопшти полицијата додека демонстрантите се собраа денес повторно во мал број.

Берлинската полиција соопшти дека тројца нејзини вработени се задржани во болница, без притоа да се споменат нивните повреди, јави Би-Би-Си.

Повеќе од 1.000 полицајци го следеа протестот во саботата, на кој, според надлежните, присуствувале околу 20.000 луѓе, пишува „Гардијан“.

Но, полицијата на крајот го запре протестот, изјавувајќи дека организаторите не ги почитувале воведените регулативи заради епидемијата на коронавирус.

Вкупно 133 лица беа уапсени за време на протестот во саботата, се вели во соопштението на полицијата. Германија е помалку погодена од пандемијата од некои европски земји, но случаите се во пораст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This